Вчеравечер во рамките на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца, Ленче Мојсоска историчар на уметност и магистер по конзервација на ѕидно сликарство од Завод и Музеј во Охрид говореше за богатиот фрескоживопис и конзерваторските зафати на црквата „ Света Богородица Захумска“.
М-р Мојососка се задржа на историските факти околу изградбата, функционирањето, реставраторските и конзерваторски зафати , како и на механичките оштетување, присутната влага, а за руинирањето на црквата низ вековите и денес за виновен го посочи и човечкиот фактор.
За проследувачите на настанот посебно интересен беше делот во кој таа говреше за ретките и раритетни претстави на фрески кои ги поседува црквата „Света Богородица Захумска.
Пред мештаните и туристите за значењето на овој сакрален објект од верски аспект говореше отец Атанас Казанџиски, надлежен за овој крај.
Црквата „Св. Богородица Заумска“ се наоѓа веднаш на самиот источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место под карпест гребен и до неа се стигнува само по воден пат со чамец.
Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Нај новите исражувања покажуваат дека потекнува од XIII век.
Во црквата секоја година на 4 јули, ден по летниот празник на Свети Наум Охридски – Чудотворец, се одржува народен собор и прослава со кум од селото Трпејца при што се дели посен ручек.
Публицитет.мк