Во основното училиште „Васил Главинов“ во Објект 2 во Велес, изминативе денови наставниците и неколку талентирани ученици училишниот двор го претворија во интерактивно игралиште, вели наставничката Лили Арсова и додава:
-Слободното време и учениците и наставниците сите заедно ќе може на интересен и креативен начин да го поминуваат во училишниот двор. Играта треба да е дел од секојдневието на секое дете. Ние наставниците искрено посакуваме да ги остават телефоните и барем половина час во денот времето да го поминат овде низ игра.

Играта има чудесна моќ да го поттикне развојот кај децата и затоа сакавме како наставници токму на овој начин да ги стимулираме. Сензорните игри допринсуваат да се разве кај децата здрав сензорен систем кој претстаува база за учење. Игрите и големиот број на активности секако сметаме дека позитивно ќе влијаат врз психофизичкиот развој на децата.

А нам, наставниците, грижата, воспитувањето и поучувањето на децата ни е приоритет и професионална определба. Со ова сакаме да ги поттикнеме и сите кои имаат услови и можности да го направат ова во својот училишен двор или каде што имаат услови, вели Арсова.
Публицитет.мк