• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Септември е месец на филмски фестивали

септември 1, 2015
in Филмољубие

Денес во Венеција започнува 72 .филмски фестивал, инаку најстарата филмска смотра во светот.

 

Меѓутоа, фестивалот во Венеција не е единствениот кој се одржува во месец септември кој може слободно да се нарече „фестивалски месец“ од причина што во септември се одржуваат и филмските фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Битола , Њујорк…

За сите овие фестивали ќе кажеме нешто повеќе во две продолженија.Инаку, под поимот филмски фестивал се подразбира организирана и широка презентација на филмови во една или повеќе кино сали сместени на одредена локација.Филмовите кои се прикажуваат можат да бидат нови и во зависност од структурата на самиот фестивал ,тој може да вклучува филмови од меѓународни продукции како и филмови исклучиво од домашна продукција. Според една студија изготвена во 2013 година, во светот постојат над 3000 активни филмски фестивали. Оваа бројка денес секако е поголема од причина што секојдневно изникнуваат нови и нови филмски фестивали.

Постои и таканаречена листа на филмски фестивали од А категорија според критеријумите на Меѓународната федерација на здружението на филмски продуценти. Така, според ова здружение во оваа категорија спаѓаат фестивалите што се одржуваат во : Кан, Венеција, Берлин,Торонто,Шангај, Москва, Карлови Вари,Сан Себастијан, Монтреал,Локарно,Мар Дел Плата,Каиро, Токио и Варшава.

72. ВЕНЕЦИЈАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (2 – 12.септември. 2015)

фест 1

Најстариот филмски фестивал на светот е Венецијанскиот.Тој се одржува секоја година кон крајот на август или во почетокот на септември во салата Палацио дел Синема на Венецијанското Лидо.Мостра, како што венецијанците милуваат да го викаат фестивалот , е дел од Венецијанското биенале.Фестивалот го основал грофот Ѓузепе Волпи во 1932 година а првиот фестивал бил одржан во хотелот Ексцелзиор на Лидо.За потребите на фестивалот  во 1937 година, на Лидо, нешто малку подалеку од хотелот Ексцелзиор ,била подигната салата Палацио дел Синема.Пред втората светска војна ,од 1934 до 1942 година главните награди на фестивалот биле Купот на Мусолини , за најдобар италијански и најдобар странски филм, именуван по тогашниот премиер на Кралството на Италија – Бенито Мусолини. По втората светска војна фестивалот се возобновува во 1946 година, а главната награда на фестивалот е Златен лав која се доделува за најдобар филм. Од останатите награди ќе ги споменеме уште и наградите Сребрен лав ,награда која се доделува повремено на филмот кој освоил второ место според гласовите на жирито, награди Куп Волпи кои се доделуваат за најдобра машка односно женска улога,награда Осела која се доделува на најдобриот режисер,сценарист , костимограф…Награда Гран При на жирито, награда Марчело Мастројани , која се доделува од 1998 година по смртта на Мастројани во 1996 година ,за најдобар млад актер и специјална награда Златен лав за животно дело на актер или режисер.

capture 20150901 232844

Годинешното 72 издание на фестивалот започнува денес,2 септември и ќе трае до 12 септември.За главната награда оваа година конкурираат 21 филм. Селекцијата е направена од пријавените 1740 играни филмови а меѓу избраните филмови има авантуристички и футуристички приказни ,воени драми и трилери.Уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера претставувајќи ги филмовите во натпреварувачката програма ќе рече дека фестивалот оваа година ќе направи сеопфатен преглед на современата кинематографија.Меѓу филмовите во конкуренција по Златниот лав се наоѓаат и „ Срцето на кучето “ на Лори Андерсон од САД, „ Во потрага по Грејс “ на Сју Брукс од Австралија, „ Поради тебе“ на Ѓузепе Гаудини од Италија, „ Клан“ на Лоренцо Вигас од Венецуела,научно – фантастичната драма „Екуалс“ на режисерот Дрејк Доремус, со Кристен Стјуарт во главната улога,„ По големиот порој“ на Лук Гуадањи со Тилда Свинтон,Дакота Фенинг и Ралф Фајнс во главните улоги како и африканската сага „ Ѕверови од ниту една држава“ на Кери Фукунаге со Идрис Елба во главната улога.Во трката по главната награда се и анимираниот филм „ Аномалиса“ на режисерите Чарли Кауфман и Дјук Џонсон и „Данската девојка“ на оскаровецот Том Харди. Инаку, фестивалот ќе биде отворен со драмата „Еверест“ која говори за планинарите на режисерот Балтазар Кормакур со Џејк Џиленхол, Робин Рајт,Сем Вортигтинтон,Кира Најтли,Емили Вотсон,Џош Бролин и Џејсон Кларк во главните улоги кој ќе биде прикажан надвор од конкуренција,програма која содржи 16 филмови од кои 9 документарни.Тука е и програмата „Хоризонти “ во чии рамки ќе бидат прикажани 18 филмови.Во програмата именувана како „ Венеција класика “ ќе бидат прикажани 31 филмска класика од кои 18 како реставрирани верзии.

Жирито кое ќе одлучува за наградите во натпреварувачката програма е предводено од мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон,повеќекратен добитник на Оскар за филмот „Гравитација“со кој беше отворен фестивалот во Венеција пред две години.Златниот лав за животно дело оваа година ќе му припадне на францускиот режисер, ветеранот Бертранд Таверние.Познатиот режисер на филмот „ Кога јагнињата ќе стивнат“,Џонатан Деми ќе ја добие наградата Визионерски талент.Деми (71)е чест гостин на фестивалот во Венеција а оваа година ќе биде и претседател на жирито на селекцијата на светски филм „ Хоризонти“. Изминатата година оваа награда и’ беше врачена на американската актерка Френсис Мек Дорманд по повод 30 те години од нејзината кариера.На фестивалот се очекува присуството на голем број  холивудски ѕвезди кои ќе зачекорат по црвениот килим:Ентони Хопкинс.Роберт Де Ниро,Леонардо ДиКаприо,Бред Пит, Мајкл Китон, Марк Рафало, Идрис Елба, Џони Деп, Робин Рајт, Кира Најтли, Џош Бролин, Емили Вотсон и се рабира голем број на познати режисери како и актери од домаќинот на фестивалот –Италија.

40. ТОРОНТО ФИЛМ ФЕСТИВАЛ  (10 – 20. Септември.2015)

фест 3

Филмскиот фестивал во Торонто се одржува секоја година во почетокот на септември. Оваа година фестивалот го слави своето јубилејно 40 .издание.Фестивалот за првпат е одржан во далечната 1976 година и со годините стана еден од најпрестижните светски филмски фестивали.Во 1998 година списаниети Варајети напиша „Фестивалот во Торонто е веднаш зад Кан кога станува збор за квалитетни проекции, бројот на присутните филмски ѕвезди и активностите на филмскиот пазар“. Девет години подоцна престижниот Тајм ќе напише: „Фестивалот во Торонто не е само највлијателниот фестивал во есенскиот период , туку и воопшто највлијателниот филмски фестивал“. Една од главните карактеристики на овој фестивал е големиот број на премиери на филмовите кои се сметаат за фаворити  за наградата на Американската филмска академија и многу филмови кои подоцна се наградени со Оскар премиерно се прикажани токму на фестивалот во Торонто.Така, дури шест од седумте добитници на наградите Оскар во последните години или го добиле Оскарот за најдобар филм или биле номинирани во оваа категорија, вклучувајќи ги и „Милионерот од предградието“,„ Говорот на кралот“ и „ 12 години ропство“.Со обзир на тоа дека фестивалот нема натпреварувачки карактер и нема жири,не постојат ниту награди. Главното признание е Наградата на публиката која му се доделува на долгометражниот филм кому посетителите на фестивалот му доделиле највисока оценка.Оваа година фестивалот доби нова програма со жири како и нова селекција посветена на телевизиски емисии од целиот свет.

фест 4

Оваа година во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 289 долгометражни филмови од кои дури 132 филма ќе ја доживеат својата светска премиера и повеќе од 100 кусометражни филмови од 71 земја во светот.Сите тие се прераспледелени во дваесетина различни програмски целини. Секако , најинтересни и најспектекуларни се програмите „Гала презентации“ во чии рамки ќе бидат прикажани 20 филмови од најновата светска продукција со учество на најпознатите актерски ѕвезди кои ќе прошетаат по црвениот килим, потоа “ Специјални презентации“ во чии рамки ќе бидат прикажани 56 филмови од сите страни на светот кои веќе биле прикажани на некој од престижните филмски фестивали но и премиери на филмови на водечките филмски творци.Тука се и програмите „Современиот свет зборува“,„ Град во град- Лондон“, „ Откритија“, „ Мајстори“, „ Полноќно лудило“со избор на 12 акциони, хорор и научно фантастични филмови од најновата светска продукција, Документарна програма со 31 филм и така натака.

 фест 5

Годинешниот фестивал ќе биде отворен со филмот „Уривање“ на канадскиот режисер Жан –Марк Вале со Џејк Џиленхал и Наоми Вотс во главните улоги.На фестивалот премиерно ќе бидат прикажани неколку филмови кои се очекуваат со нетрпение како што се научно фантастичниот „Марсовец“ на режисерот Ридли Скот со Мет Дејмон и Џесика Честејн во главните улоги како и лезбиската драма „Фрихелд“ со тазе оскаровката Џулиен Мур и Елен Пејџ.Посетителите на фестивалот ќе можат да видат и неколку биографски филмови како:„Црна миса„ со Џони Деп во улогата на озлогласениот гангстер Вајти Баглер, “ Програма“ за животот на Ленс Амстронг со Бен Фостер во главната улога и „ Трумбо“ во кој актерот Брајан Кренстон го игра познатиот холивудски сценарист.На фестивалот се очекува да бидат прикажани и најновите филмови на Мајкл Мур, оскаровецот Том Хупер но филмот „ Сикарио“ со Емили Блант и Бенисио дел Торо.За многу филмови кои ќе бидат прикажани на овој фестивал до 20 септември допрва ќе се говори и пишува. Дотогаш, по црвениот килим се очекува да поминат Ридли Скот, Мет Дејмон, Сандра Булок, Џони Деп,Еди Редмејн,Мајкл Мур,Џулиен Мур, Хелен Мирен ,Џејк Џиленхол …

Ѓоко Симјаноски/ Публицитет.мк 

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Никола Упевче – Задоволен сум .Со мозаикот ќе го продолжиме животот на „вечните слики“

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид (4) ?

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид (4) ?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk