• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Вода – суштински елеменет на животот

декември 14, 2024
in Омнубус

„Ако постои магија на оваа планета, таа е содржана во водата“ -Лорин Иселеј

 

Уште од антички времиња, водата се сметала за свет елемент со божествени карактеристики. Античката цивилизација на Египјаните се поклонувала на Нил, големата река, како на божество бидејќи им значела сè. Секоја година Нил се излевал од своето корито носејќи благосостојба и живот во земјата на Египјаните опколена со тони песок. Годишното излевање им овозможувало да го обработуваат земјиштето и да живеат безбедно. Не помалку значајна била и реката Ганг за Индијците која ја сметале за најсвета река.

Просечното човеково тело се состои од две-третини вода, а исто така, приближно 70% од нашата планета е покриена со вода. Водата е основно човеково право и првенствена потреба на сите форми на живот. Се наоѓа насекаде околу нас, па така нејзината достапност ја земаме здраво за готово заборавјаќи за нејзините неверојатни својства. Водата е поинаква од сите супстанци која се наоѓаат во природата. Постои во три различни агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита на природна земјена температура. Поголемиот дел од супстанците природно се наоѓаат во само една или две состојби. Една од нејзините најуникатни карактеристики е тоа што е најгуста на 4°Ц. Тоа значи дека водата во нејзината течна форма е погуста од нејзината цврста форма-мраз што овозможува мразот да плови во водата наместо да потоне во неа. Ова е многу значајно од билошка гледна точка затоа што животните кои живеат на мраз не би постоеле ако ова не беше случај. Исто така, животот на жителите во вода би бил доведен во прашање и би бил во голема мера погоден ако мразот би тонел во вода.
Водата е неопходна за правилно функционирање на човековото тело. Се наоѓа во сите телесни клетки, ткива и органи, помага во регулирање на телесната температура, ги елеминира токсините од метаболизмот, помага во дигестија, спречува констипација, пренесува хранливи материи и други есенцијални елементи до сите делови од телото, ја навлажува кожата итн. Телото губи вода преку потење, дишење и дигестија, па затоа е важно да се рехидрира со пиење течности и јадење храна која содржи вода. Потребата за вода е различна за секого и во голема мера зависи од годините, полот, физичката активност, здравствените проблеми и климата, но просечните дневни потреби за вода се шест до осум чаши.
Водата за пиење треба да биде чиста, филтрирана и без нечистотии и загадувачи. Се препорачува да пиете вода половина час пред оброк и два часа после оброк и да се избегне пиење на вода за време на јадење затоа што може да го забави процесот на варење во желудникот и дигестивниот тракт.

Природните сокови од зеленчук и овошје, кашести сокови, супите се одличен начин да се рехидрира телото, но алкохолните пијалаци како вино, пиво, виски, потоа чаевите, кафињата и газираните пијалаци не се добри за рехидрирање затоа што некои од овие пијалаци се или диуретици кои го зголемуваат исфрлањето вода од организмот или содржат премногу шеќер или вештачки засладувачи кои во никој случај не се добри за телото. Конзумирањето храна која содржи вода е друг ефективен начин да се рехидрира телото посебно за време на жешките, летни денови кога потребата за вода е зголемена. Обидете се јадете повеќе овошје и зеленчук кои содржат голема количина на вода. На врвот на листата на овошје со голема содржина со вода се лубениците и јагодите, потоа следат, цитрон, диња, праски, ананас, брусници, портокал, малини, цреши, грозје итн. Зеленчук со голема содржина на вода се краставици, марула, тиквички, ротквица, целер, домати, зелка, модар патлиџан, спанаќ, пиперки итн.

Мистеријата на водата сè уште е неоткриена. Дури и денес ги вчудовидува научниците со нејзините неверојатни својства. Сега, повеќе од кога било порано треба да ја цениме и да ја зачуваме оваа животворна супстанца од загадување и неправилна употреба бидејќи „Каде што има вода, има и живот.“

 

 

Посетеност: 229
Share
Previous Post

„Таинствените води на Охридското Езеро“

Next Post

Филмот „Татко“ ќе се натпреварува за главната награда во Карлови Вари

Next Post

Филмот „Татко“ ќе се натпреварува за главната награда во Карлови Вари

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 229

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk