Играниот филм „Татко“ кој е копродукција меѓу Германија, Косово, Македонија и Франција, ја имаше својата Интернационална премиера на еден од најпрестижните фестивали во Карлови Вари…
Како филм во официјалната селекција на јубилејниот 50-от Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари, „Татко“ се натпреварува за главната награда Кристален Глобус. Фестивалската публика ќе има можност да го гледа „Татко“ на проекциите закажани за денеска (6-ти јули) и утре.
„Татко“ ја имаше својата светска премиера на 28 јуни во рамки на 33-от Филмски Фестивал во Минхен. Во конкуренција со уште 17 други наслови во натпреварувачката програма Нењ Герман Цинема, „Татко“ доби три од вкупно четирите Нењ Герман Цинема Талент награди и тоа: најдобар режисер и најдобар сценарист на Висар Морина, на кого ова му е првиот долгометражен игран филм и најдобар актер на Вал Малоку и Астрит Кабаши.
„Татко“ ја понесе и наградата Оне Футуре Призе, која од 1986 година ја доделува Лутхеран Интерфилм Ацадемѕ Муницх, за филм кој, етички и естетски, покажува дека светот има една заедничка иднина.
Филмот се снимаше во 2014 година, на локации во Германија и Македонија. Скопје Филм Студио е македонската продукциска куќа која во реализацијата на овој проект соработуваше со тим од искусни филмски професионалци од Македонија, меѓу кои Никола Мадиќ, Дејан Крајчевски, Игор Поповски, Владимир Павловски, како и актерот Џевдет Јашари, кој толкува една од улогите во филмот.






