Велосипедот е секогаш добредојден, посебно во лето.
Обично секоја фамилија дома има барем по еден велосипед, но сепак сите се одлучуваат за автомобилот, иако велосипедот и понатаму предничи во многу работи пред автомобилот. Еве и зошто.
Ретко која справа има се она што велосипедот го нуди наеднаш. Првата работа е тоа да имате желба да го возите.
Да претпоставиме дека живеете во градска средина, студент сте или работите не другиот крај од градот. Градскиот превоз е хаос, поготово летниот период кога е многу топло, нема вклучено клима уред, споро е, па се цело време прашувате, дали ќе беше подобра идејата да одите пеш, а таксиот е скапо и не можете да си го дозволите секој ден. Така да овде нема размислување, велосипедот е нај паметен избор и е незаменлив. Можете да ја избегнете секоја гужва во сообраќајот, лесно се паркирате каде и да се наоѓате, а потрошувачката e нула, не ви требаат пари за гориво или за билет за превоз. Бенефити од ова се вежбањето, ако возите велосипед 45 минути дневно, тоа ви е доволно за да го задоволите организмот со дневните физички активности. Разликата во ова вежбање и кое било друго вежбање е тоа што со возењето велосипед не чувствувате дека се заморувате.
Бргу стигнувате каде и одите, а цената на велосипедите воопшто не е висока, земајќи го во предвит сето она кое што го добивате. Одлично е тоа што децата во градовите и селата сеуште се собираат за возење велосипеди.
Можеби се сеќавате (доколку сте малку постари), како сте се собирале со другарите од соседството и сте возоле до околните населби, тогаш ни 30 километри не биле далеку, се додека сте биле со правото друштво и добриот разговор додека возите. Или пак слушалки додека возите и уживате во омилените песни.
Секако е право уживање и купувањето на велосипед е секогаш одлична одлука затоа што е пред се здраво, забавно и економично.
Извор:www.1mk