ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид информира дека утре во 12.00 часот менаџментот на претпријатието предводено од директорката Гордана Јованоска, заедно со директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Мери Рилкова и ВД Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ќе го посети објектот „ Билјана.
Во таа пригода ЈП во износ од 60 000 денари ќе донира: ТВ, ДВД, печатач, теписони, детска литература – книги, сликовници, боенки, едукативни и гумени играчки, реквизити за спорт и сл.
Нашата хуманост ја подржаа и ТОП Маркетите, кои обезбедија по еден кроасан за секое детенце кое посетува градинка, соопштуваат од ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
Публицитет.мк