Ново издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ во четврток, 12-ти ноември.
На спектакуларната сцена на „Метрополос“ арената, македонските музички ѕвезди ќе настапат во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ. Специјални гости ќе бидат поп- дивите на македонската музичка сцена, Тамара и Елена Ристеска.
Водител и на ова издание е актерот Васил Зафирчев со музичко сценски перформанс во чест на добитникот на наградата за животно дело, која оваа година МРТ му ја доделува на композиторот, интерпретатор и музички продуцент, Славе Димитров, кој целиот свој работен век го помина во МРТ.
Уметнички директор на фестивалот и диригент на големиот Ревиски оркестар на МРТ е Љупчо Мирковски, а режисер на директниот телевизиски пренос ќе биде Миле Гроздановски.
Директниот пренос започнува во 20:15 на МРТ1, а истиот ќе биде пренесуван и на Македонското Радио – Радио Скопје како и на Сателитскиот канал на МРТ.
НА СКОПСКИ – 2015 ќе пеат:
Ристо Самарџиев, Маја Вукичевиќ, В.Илиевски и Ј.Димчевска, Александар Тарабунов, Јана Бурческа, „Ај кју“, Џина Папас – Џокси, Иван Раденов, Мартин Мила, Сара Мејс, Симона Попоска, Даниел Дан, Горан Наумовски, Виктор Апостоловски, Мики Секуловски, Елена Петреска, Александар Белов и Ања Ветерова, се изведувачите кои ќе настапат на Скопски фестивал кој ќе се одржи на 12 ноември во „Метрополис Арена“.
Ова е редоследот по кој ќе настапат македонските пејачи на Скопски фестивал.
Годинава победникот на фестивалот нема да биде и претставник на Македонија на „Евровизија 2015“.
Фестивалот има натпреварувачки карактер каде првопласираната песна ќе добие 600.000 денари, втората 450.000 денари, а третата 300.000 денари.
За победниците ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.
Извор: mrt.mk , skopjeinfo.mk