Дури 23 земји денес имаат своја верзија од ова легендарно списание, лансирано во Америка.
Ви претставуваме некои историски факти за „модната Библија“ коишто можеби не сте ги знаеле.
Верувале или не, списанието „Вог“ (“Vogue”, што на француски јазик значи стил) го лансирал маж- Артур Турнур, 17-ти декември 1892 година со цена од 10 центи. Денес тоа би било 2.62 долари.
На почетокот се продавал како неделно списание, а целата публика била њујоршката аристократија.
Конде Монтроз Наст го купил Вог во 1905 година, година дена после смртта на Артур Турнур и постепено влијаел на проширувањето на целната група на читатели.
Во 1910 година, популарноста на списанието се проширува и во другите земји. После Настовата посета во Велика Британија во 1916 година, таму исто така започнува продажбата на „Вог“, а потоа и во Шпанија, Италија и во 1920 година и во Франција.
Прва позната манекенка која ја красела насловната страна на списанието била Тото Купман, бисексуалка со индонезијско-данско потекло, која подоцна била шпион за време на Втората светска војна.
„Модната Библија“ како месечно списание почна да се продава тек во 1973 година со Грејс Мирабл како уредник, а на позицијата главен уредник најдолго се задржала Една Вулман Чејс- дури 37 години.
Прва славна личност на насловната страница била Мадона во 1989 година, а во последните 5 години на скоро 93% од насловните се наоѓаат личности од светот на познатите.
Само околу 12% од читателите печатените изданија го читаат мажи, додека 42% од мажите ја читаат онлајн верзијата.
Платата за облеката на Ана Винтур, која станала одговорен уредник на магазинот во јули 1988 година, наводно изнесува 200 000 долари.
Вера Ванг својата кариера ја започнала како моден асистент во „Вог“, а подоцна станала моден уредник и на таа позиција била од 1972 до 1987 година.
Во списанието „Вог“ работале и некои други познати имиња како: Александер Ванг, Али Мекгроу, Изабела Блоу, шон Авери и Џон Дидион.
Кралица на насловната страница на американскиот „Вог“ е глумицата Лорин Хатон, која на неа се појави дури 28 пати, додека во 1974 година на насловната страна се појавила првата Афроамериканка, манекенката Беверли Џонсон.
Во име на списанието „Вог“, Ана Винтур изгледала околу 3000 ревии.
Само неколку мажи успеале да бидат на насловната страна, а тоа биле: Елтон Џон, Ричард Гир, Џорџ Клуни, Леброн Џејмс, Рајан Лохти, Роби Вилијамс, Маноло Бланик и Кање Вест.
Половина од содржината од секој број ја сочинуваат реклами, а кога е во прашање некој многу читан месец, како на пример септември, процентот на реклами може да се зголеми и на 80%.
Публиицтет.мк