Сезона преполна со настапи пред домашни и странски гости и фестивали.
Ова лето зачестија концертите на КУД „Ѓердан“ пред странските гости во хотелите долж охридско – струшката ривиера.
Речиси секоја вечер грст аплаузи и нови контакти со новите вљубеници во македонскиот фолклор и песна. Дел од играорците беа на турнеја во Хрватска а настапија и на петтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца.
Како за крај на летото дојде нивниот настап на шестиот фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани. Таму се роди уште едно ново пријателство со КУД „Типопластика“ од Горни Милановац , Србија.
Играорците од двете КУД имаа заедничка проба а кореограф од Бечеј охридските играорци ги учеше на новиот сплет Влашки игри за кои ЃЕРДАН има носии а сега се обнови само постановката.
Младите се разбира имаа време за заедничка дружба, тоа најдобро го илустрираат фотографиите.
Публицитет.мк