• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

SOS: Заклучоци од јавната расправа за Стратегиската оцена на животната средина – НП Галичица

септември 16, 2015
in Аргументи за

Повеќето заклучоци изнесени од присутната јавност и стручни лица беа против градежни активности во заштитените зони на НП Галичица. Сите предвидени проекти ќе уништат ретки и уникатни примероци на флора и фауна, а претставуваат огромна закана за опстанокот на Охридското Езеро.    

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ со свои претставници учествуваше на јавната расправа за новата ревидирана Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) на новиот Нацрт-план за управување со НП Галичица во периодот 2011-2020, која се одржа на 11 септември 2015 г. во просториите на ЈУНП Галичица во Охрид.

На расправата беа претставени заклучоците од измените во СОЖС на Планот за управување со НП Галичица по донесената одлука на Владата на Р.М. за изградба на ски-центар, експресен пат А3 Охрид-Пештани и Пештани-Р. Албанија и три туристички развојни зони во Љубаништа, Отешево и Стење.  

Би сакале да го изразиме нашето огромно незадоволство бидејќи и покрај тоа што во ревидираната СОЖС во повеќе наврати се препорачува да не се гради во националниот парк, односно градежни активности во националниот парк да бидат последна опција, со мастер планот за изградба на ски-центарот Галичица се предвидени градежни активности токму во сегашната заштитена зона на активно управување. Со цел да се овозможи изградба на ски центар и пат во НП Галичица, планирано е деградирање на заштитата на 604 хектари заштитено подрачје во националниот парк од зона за активно управување во зона за одржливо користење.   

re zoniranje galicica

„Намалувањето на статусот на заштитено подрачје поврзано со повторното зонирање ќе овозможи извесен број на штетни активности во подрачјата каде што тие се забранети во моментов. Намалувањето на нивоата на статусот на заштита значи дека се намалува и способноста на ЈУНПГ да ги заштити овие подрачја, дури и ако некои од проектите не се реализираат.“ – пишува во новата СОЖС.

Можеби најзагрижувачки е изнајденото решение за да се намали влијанието врз живеалиштата на ретките видови флора и фауна – односно т.н. „компензирање“ на загубата на 84 хектари шума македонски даб кој е Балкански ендемски вид во НП Галичица со дабова шума на друга локација во Р. Македонија. Според нас ваквото „решение“ е нелогично и тотално апсурдно бидејќи секоја шума претставува засебен екосистем кој врши незаменлива функција на локацијата на која егзистира со години.

Освен тоа, за одреден појас шума да го достигне квалитетот на оваа која се планира да биде уништена, треба да поминат минимум 50 до 100 години. Изградбата на ски-центар и пат во националниот парк дополнително значи:

– Директно загрозување на статусот на светско и културно наследство под заштита на УНЕСКО (како што и е наведено во самата СОЖС, стр. 28, стр. 34, стр. 255);

– Нарушување на угледот на Република Македонија (стр. 283 од СОЖС) и нарушување на добрососедските односи поради прекршување на потпишаните Договори за одржување на квалитетот на Прекуграничниот биосферен резерват – еден од само 15 такви во светот;

– Уништување на напорите на локалните туристички асоцијации кои со години наназад промовираат алтернативен туризам и агресивно привлекуваат алтернативни туристи кои за разлика од сезонските се поттик за охридската економија во текот на целата година;

– Неповратно уништување на ендемични и заштитени животински и растителни видови, како што се македонскиот даб (Quercus macedonica, живеалиште според Анекс 1 од Директивата за живеалишта.), Аполоновата пеперутка (Parnassius Apollo – HD IV, IUCN – VU) и качунката (Crocus cvijicii – Балкански ендемски вид).

 Поради поврзаноста на планината Галичица со Охридското Езеро преку подземни и надземни води, не можеме да го игнорираме ниту влијанието кое градежните активности ќе го имаат врз опстанокот на езерото.

„Планината Галичица по својата структура е каменлива и варовита богата со калциум карбонат (СаСО3) и сите оние води (извори, реки и потоци) било да се површински или подземни, а се производ од планината Галичица, кои се вливаат во водите на Охридското Езеро, имаат природна моќ да ги неутрализираат другите води кои се вливаат во Охридското Езеро, а кои се со променлива рh вредност на самата вода. Сево ова зборува дека Националниот Парк Галичица претставува природен феномен за Охридското Езеро и благодарение на Националниот парк Галичица опстојуваат двете природни езера, Охридското и Преспанското.“ – објасни на јавната расправа независниот екологист Наумоски Лазо од Охрид.

skicentar master plan

Освен тоа, на стр. 246 и 256 од СОЖС стои дека планината нема доволно снег за ваков тип на туризам, поради што ќе мора да се произведува вештачки снег кој ќе има негативно влијание врз повеќе видови флора во националниот парк како и врз водите/хидрологијата на Охридското Езеро; а и како што рекоа долгогодишни спортисти и страсни скијачи присутни на расправата – толкава огромна количина вештачки снег ќе ги одбие токму оние посетители кои се тврди дека ќе бидат привлечени од овој проект – вистинските љубители на скијањето. Македонија има 8 ски-центри од кои повеќето не функционираат. Па прашуваме зошто да се гради нов, и тоа среде национален парк, кога постоечките ни пропаѓаат?!  

„Дури и по примена на мерките за намалување на влијанијата, некои ефекти ќе останат. Значајни подрачја на заштитени живеалишта на европско ниво ќе бидат изгубени…“ – стои во новата СОЖС. Масакрирањето на НП Галичица ќе предизвика енормни негативни последици по природата, туризмот и конечно, економијата и квалитетот на животот во Охрид. Спремни ли сме толку многу да жртвуваме?

 

Со почит,Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS

 

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

 

Посетеност: 224
Share
Previous Post

Патот Битола – Ресен затворен за сообраќај, ама не се гради

Next Post

Села ќе ги руши плажите во Струга

Next Post

Села ќе ги руши плажите во Струга

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 224

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk