Вчера, во Охрид, Фронт 21/42“, восоработкасо „Еко-свест“ го означија почетокот на кампањата зазачувувањенаОхридскиотрегион, единственото УНЕСКО подрачјевоМакедонија„ЕДНО Е! ВРЕДНО Е!“.
Причината за започнување со една ваква кампања се планираните проекти кои доколку се реализираат може да ги уништат исклучителните универзални вредности на нашето единствено светско природно и културно наследство на Охрид. Листатавклучува:
- Пресушување на Студенчишко Блато заради изградба на комплекс луксузни апартмани.
- Уништување на природниот брег и сечење на еден од последните појаси на трска кај Лагадин, заради изградба на бетонска платформа со медитеранска песочна плажа и туристички содржини.
- Промена на законската заштита на изворите кај Свети Наум од највисок на најнизок степен, заради изградба на огромен туристички комплекс од Љубаништа до Свети Наум.
- Уништување на 300 хектари заштитено подрачје во Националниот парк „Галичица“, заради изградба на магистрален пат.
- Промена на законската заштита на делови од Националниот парк „Галичица“ и уништување на 530 хектари природни живеалишта, заради изградба на ски центар, голем хотел и викенд населба.
Кампањата започнува во очи на одлуката на Комитетотзасветсконаследствона УНЕСКО, 40тата сесијавоИстанбул, Турција кои изразуваат сериозна загриженост за иднината на нашето единствено УНЕСКО подрачје.
Во одлуката стои дека Комитетот при УНЕСКО:
„Забележува со загриженост декана територијата на заштитеното подрачје се предложени бројни инфраструктурни проекти од голем размер и дека заклучоците од оцените за влијанието на предложените проекти: ски-центарот во НП ,,Галичица” , A3 експресниот пат,железничкиот коридор и автопатот А2 покажуваат дека овие проекти најверојатно би имале потенцијално значајно влијание врз исклучителната универзална вредност (ИУВ) на подрачјето, и смета дека овие проекти претставуваат потенцијална опасност за подрачјето, согласно параграфите 179 и 180 од Насоките за Управување„
Понатаму, Комитетот бараодР. Македонија до 1-ви Февруари 2017 да поднесе извештај до Центарот за светско наследство за состојбата на зачуваностна подрачјето и за преземените чекори за имплементација на гореспоменатите препораки, кое ќе биде разгледано од Комитетот за светско наследство на 41-та сесија во 2017-та, со цел да се разгледа, во случај да се потврди констатираната потенцијална опасност кон ИУВ, можното вбројување на подрачјетона Листата на светско наследство во опасност.
„Со една реченица – Охрид, нашето единствено светско природно и културно наследство е пред последниот чекор до губење на вредностите поради кои ја заслужува титулата светско природно и културно наследство. Сметам дека сите мора да направиме апсолутно се што можеме да не дозволиме тоа да се случи.“ – потенцираше Александра Бујароска од Фронт 21/42. „Бараме мораториум за овие деструктивни проекти и целосно спроведување на Законот за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион. Ова се нашите барања до сите носители на одлуки, особено до претставниците во парламентот кои имаат можност, и должност, да спречат во 2017та Охрид да се најде на листата на светско наследство во опасност.“ – додаде таа.
„Сметаме дека целокупната македонска јавност мора да биде запозната со овие планови, а особено со целосната слика за нивното разорно влијание врз нашето најголемо национално богатство. Сите ние имаме право и должност да го зачуваме и пренесеме ова богатство на следните генерации, не само во Македонија, туку на следните генерации во целиот свет. Токму затоа одлучивме дел од активностите на кампањата да ги спроведуваат тие – младите луѓе од сите краеви на Македонија.“ – изјави Миа Лозановска од Фронт 21/42
Оваа кампања е повик до сите граѓани во Македонија заедно да побараме од нашите парламентарци да донесат мораториум за сите проекти и спроведување на Законот за Охрид.
Ние сме против деструкција, не против развој, напротив – сакаме што повеќе луѓе да ги познаваат, чуваат и раскажуваат за вредностите на Охрид.
Нудиме решение за развој на Охрид на одржлив и еколошки начин кој ќе придонесе кон економски раст во општината и придобивки за сите заедници долж Охридското крајбрежје. Концептот Смарт Охрид подразбира мултимодален систем за транспорт по копно и по вода користејќи ги новите технологии (соларни автобуси и бродови, велосипеди и електрични возила) и трансформација на Охридското крајбрежје на иновативен, одржлив и еколошки безбеден начин со економска придобивка за општината и граѓаните – изјави Ана Чоловиќ-Лешоскаод ,,Еко-свест”
На следниот линк можете да ја потпишете меѓународната петиција за спас на Охридското Езеро и регионот, која ја потпишаа и се` уште ја потпишуваат голем број граѓани и туристи од светот:
https://www.change.org/p/save-the-oldest-and-deepest-lake-in-europe-lake-ohrid-needs-your-action
Публицитет.мк






