• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Во Трпејца започна петто културно – забавно лето „На зајдисонце“

јули 21, 2016
in Култура

Под покровителство на Општина Охрид од вчеравечер во Трпејца по петти јубилеен пат се одржува манифестацијата „На зајдисонце “  во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од месната заедница и спонзори и донатори од Трпејца, Охрид и други градови од Македонија.

 

„ По петти –јубилеен пат се собравме во Трпејца да го означиме почетокот на една од најафтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. „На зајдиоснце“ од година во година ја збогатува програмата и станува препознатлив бренд  на Трпејца  едно од најубавите туристички места на брегот на Охридското Езеро,“ рече на чинот на отворањето заменик градоначалникот на Општина Охрид Ангел Јанев, кој ги пренесе честитките од градоначалникот Никола Бакрачески и Советот на Општината за ентузијазмот на организаторите и нивната  креативност.

deca copy copy copy copy copy copy copy

Прогласувајќи го за отворено културно – забавното лето кое ќе трае девет дена Јанев пред присутните жители на Трпејца, туристите кои летуваат во селото и учесниците во програмата додаде:

„Локалната самоуправа со поддршка на ваквите манифестации покажува дека е цврсто определена да го помага развојот на руралните, а особено туристичките средини.Покрај тоа што инвестираме во инфраструктурата финансиски и логистички ги поддржуваме и културните настани, бидејќи сме свесни дека со тоа го подобруваме животот на жителите а воедно создаваме услови за развој на активниот туризам. Токму овој вид туризам денеска во светот е најпопуларен а ние го следиме трендот.Со манифестацијата „На зајдиоснце“се покажува и нашата поддршка на настаните кои во себе содржат туристичка и културолошка димензија и се интересни и за локалното население и за туристите“, потенцираше замник градоначалникот на Охрид Ангел Јанев.

angel janev

Чувството на радост и среќа почитувани кај нас организаторите на културно – забавното лето е безмерно. Со задоволство сакаме да го споделиме со Вас со туристите со сите добронамерници кои доаѓаат во Трпејца, рече  Нина Момировска – претседателка на Здружението „За Трпејца со љубов“: 

„Без помошта и големото покровителство на Општина Охрид, без помошта на луѓето од  месната заедница од стариот и новиот состав  и црковниот одбор, без помошта на сопствениците на рестораните во Трпејца и сите останати спонзори и помагатели од Охрид, Струга и Скопје секој колку што можеше манифестација не ќе беше тоа што е веќе -ТРАДИЦИОНАЛНА.

nina momirovska

Како вчера да беше мигот кога на идеја на Марјан Митрески и Гордана и Милчо Јованоски се собравме јас и мојот сопруг Роберт Момировски и Габриела и Спасе Неделкоски и одлучивме да се обидеме да сториме нешто Трпејца да заживее среде лето и да „дише“ со настаните од културата. Така го формиравме здружението а од таму навака се’ е познато.

gedan dva  ljubica vodi

 

Се стремиме преку промоција  пред се’ на познати и признати уметници секој во својата област со поддршка и  отворена афирмација на млади таленти кои потекнуваат од Трпејца ( локално ), Охрид – регионално и национално од Македонија и по можност интернационално  да  се збогати културната понуда.

gedan 1

Концепирајќи ја програмата за културното лето се трудевме во рамките на нашите скромни можности, но верувајте со искрена и голема љубов во Трпејца да доведеме познати и помалку познати, но талентирани уметници, музичари, поети. И одново и одново на сопствен начин да си го препознаеме минатото и корените, за да можеме полесно да го пронајдеме патот за иднината,“рече Момировска.

kole slika

Првата фестивалска вечер протече во знакот на промоцијата на второто дополнето издание на книгата со анегдоти „Веселото кајче“ од Никола Павлески од Трпејца и неговата изложба на уметнинчки фотографии под наслов „Од моите патувања“. За уметничкото и прозно творештво на Павлески говореше Мишо Јузмески од „Култура 365“ од Охрид.  Актерката Марија Кондовска читаше извадоци од анегдотите, беше прикажана видео презентација посветена на петте години од постоењето манифестацијата а КУД „Ѓердан“ одржа незаборавен концерт кој измами долги и искрени аплаузи од бројната публика.

misho juzmeski   marija kondovska

Манифестацијата „На зајдисонце“ традиционално ќе трае до 28 јули а сите настани ќе се одржуваат под ведро небо и се бесплатни за посетителите и учесниците во нив.

Публицитет.мк

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Нашиот Боби на сцена со Руслана,Јелена Томашевиќ и Мајкл Болтон

Next Post

Започна кампањата за зачувување на УНЕСКО подрачјето – Охридскиот регион: ЕДНО Е! ВРЕДНО Е!

Next Post

Започна кампањата за зачувување на УНЕСКО подрачјето - Охридскиот регион: ЕДНО Е! ВРЕДНО Е!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk