Охрид е домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир „Фер плеј -куп“.
На турнирот учествуваат 112 екипи од 8 земји: Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија и Бугарија. Од вчера до недела повеќе од 2.ооо млади фудбалери ќе ги одмерат силите во меѓусебни дуели на фудбалскиот – голем терен на СРЦ „Билјанини Извори“ и теренот со вештачка трева. Според Марјан Настески претставник на организаторот ФК „Фер плеј “ петта година по ред во градов се организра овој турнир , годинава поддржан и од Општина Охрид. Фудбал ќе играат генерациите деца родени од 2001 до 2007 година.
Покрај голем број фудбалски екипи од Македонија, на купот – покрај организаторот и домаќин ФК „Фер плеј“ од Охрид има уште две екипи „Пандев 10“ и „Евро фудбал“. За најдобрите екипи во сите категории ќе има и пригодни награди.
Мотото на Фер Плеј Куп е Дојди, Играј и Уживај, алудирајќи на фудбалот и убавините кои може да ги понуди само Охрид.
Карактеристика на овој куп е што сите натпревари се пренесуваат во живо на интернет преку 2Sstudio
Овој празник на фудбалот во кој во главна улога се најмладите фудбалски надежи е вистински магнет и начин за развој на спортскиот туризам во Охрид.
Фото: Интернет страница на ФК „Фер плеј“
Публицитет.мк