Детската врева од денес се враќа во училиштата.
Бројот на децата кои од денес влегуваат во училиштните клупи во Охрид е поголем од лани, така велат податоците добиени од училиштата.
Во четирите основни централни училишта „Христо Узунов“, Братство – Единство“, „Григор Прличев’ и „Свети Климент Охридски“ ќе се образуваат близу 400 првачиња.
Градоначалникот Никола Бакрачески како што јавуваат од неговиот кабинет утрово ќе биде во посета на ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец. Таму ќе ја отвори новата училиштна библиотека, па ќе го посети и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.
Во Македонија, во училишните клупи првпат ќе седнат околу 20.000 првачиња.
Публицитет.мк






