Од оваа среда (31. октомври) започнува шестата сезона од добро познатите студентски журки во кафѐ и бар “Шила“. Со свој сет настапува во моментов еден од најбараните Хип Хоп и Р&Б диџеи во Македонија DJ FACE.
Сите пијалоци се по промотивни цени, а поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.
И оваа сезона со помош на Jagermeister кој е главен покровител на студентските забави ќе се организираат промоции, наградни игри и ќе се доделуваат многу аксесоари a со секое “селфи“ испратено на фан страната на “Шила“ сте во игра за гратис шише Јегер за следната студентска.
“Изминативе пет сезони ги одбележавме со навистина одлични журки со домашни и странски диск џокеи и бендови. Под мотото ‘Среда повторно сјае со урбан шмек’ продолжуваме со остварување на визијата за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот и заживување на чаршијата.“ – порачуваат организаторите.
Повеќе информации може да се најдат и на линкот од самиот настан на Facebook.
https://www.facebook.com/events/354776791935838/
Во продолжение погледенете дел од атмосферата од минатите сезони.
Публицитет.мк