На втори август, на најголемиот македонски празник Илинден, Заврши 8-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија.
Фетивалот беше отворен на 29-ти јули со претставата на Драмски театар – Скопје „Последните Македонци„ во режија и авторство на Сашо Миленковски, по што следуваа „Македонска Приказна„ во режија на Боњо Лунгов на Театар за деца и младинци – Скопје, „Парче душа„ во режија и авторство на Љупчо Тодоровски Упа, „Спанаќ со пржени компири„ на авторот Золтан Егреши во режија на Ненад Витанов на Театар Џинот – Велес. Последната фестивалска вечер настап имаше Никола Тодоровски од Охридскиот театар.
Ова година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации.
на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Плоштадот Европа во Леска и плоштад Јане Сандански во Зрноско.
На фестивалот се доделуваат две награди, за Актер и Актерка.
Жирито во состав Зоран Љутков – претседател, и членовите Андреј Цветановски и Жарко Димоски, одлучија наградите да ги доделат на:
Билјана Драгичевиќ Пројковска – Актерка на фестивалот.
Владимир Тулиев – Актер на фестивалот.
По доделувањето на наградите, концерт одржаа и познатиот пеач Димитар Андоновски во придружба на Сергеј Светозарев.
Покрај домашната публика која на општо задоволство е во се поголем број, фестивалот го посети и публика од Р.Македонија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Мекдонија, Град Скопје и Општина Велес, стои во соопштението од Здружението „Сонце“ упатен до нашата редакција.
Публицитет.мк