Ден Прајс, основач и сопственик на компанија „Gravity Payments” во Сиетл, во април годинава објавил дека ќе им ги зголеми платите на вработените, односно дека никој нема да зима плата помала од 70. 000 долари годишно.
По објавување на оваа вест, вработените буквално почнале да врискаат од среќа. Некои од нив се фалеле дека конечно ќе може да планираат проширување на семејството, а други дека ќе можат почесто да патуваат во своите родни краеви.
Сепак, дел од вработените не го споделиле истиот ентузијазам. Односно, вработените кои се дел од компанијата од самите почетоци, сметаат дека не е фер што ќе бидат израмнети со сите оние кои се нови и неискусни во фирмата.
Мејси Мекмастер првично ја поддржала одлуката, но подоцна се предомислила – „Зголемување добија оние кои имаат најмалку искуство и стаж, а оние кои се од самиот почеток, добија сосема мало покачување на платите“.
Мејси понудила план според кој новите вработени ќе добијат минимално покачување, но шанса преку работата, платата да се зголемува. На крајот, таа си дала отказ, иако е една од најблиските соработници на Прајс.
Грант Моран исто така се пожалил дека неговата плата по првото зголемување била само 51. 000 долари. Според тврдењата на магазинот „Тајмс“, по настанувањето на промените и новите вработени истакнале дека веќе не се среќни, бидејќи не го заслужиле пoкачувањето на платите во однос на работата која ја извршуваат.
Извор: Репортер.мк