Заврши сослушувањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за екс генералниот секретар во Владата, Кирил Божиновски, јавија повеќе медиуми.
По неколкучасовен распит тие двајцата го напуштија објектот на Основниот суд Скопје 1 од што може да се заклучи дека и за нив, како и за претходно изнесените на распит, судот не одреди мерка притвор.
Распитот на Јанкуловска и Божиновски пред Кривичниот суд доаѓа откако Специјалното јавно обвинителство во петокот покрена постака за приведување на осум лица, меѓу кои и овие двајца поранешни функционери.
За време на распитот, во Кривичниот суд дојде и обвинителката Фатиме Фетаи. По двочасовниот престој во судот, таа не даде изјава за медиумите.
Инаку, денес на крајот на денот се очекуваше и одлуката на Кривичнио совет во однос на жалбите што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе до Кривичниот суд по одлуката да не им се изрече мерка притвор на поранешниот министер Миле Јанакиевски и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Меѓутоа до овој момент, овој совет не излезе со одлука.
Извор: www.kapital.mk