
Лани, Здружението „Тактус” ја организиравме првата Летна сликарска школа за деца. Школата траеше 8 недели, се одржуваше на отворено и во неа учествуваа вкупно 16 деца. На крајот организиравме и изложба, која поради пандемијата, беше отворена само за родителите. Доколку дозволат условите, планот е школата да продолжи со ограничен број деца и ова лето.
-Затоа што изминатата година беше тешка за сите нас, ние како здружение сакаме да овозможиме оваа година на школата бесплатно да присуствуваат и 5 деца од ранлива категорија. За таа цел, потребни ни се средства за материјали (платна, четки, бои и сл). Затоа, решивме да ставиме на продажба мои слики кои ги имам во моментов, а сите пари собрани од продажбата да бидат наменети за покривање на трошоците за оваа категорија деца.
Околу продажбата: сумата за летната школа за едно дете е 4.000 денари, односно вкупно 20.000 денари за 5 деца. Продажбата ќе трае до собирањето на потребната сума, но не подоцна од 15 мај.
Доколку сакате да ја поддржите оваа наша иницијатива, може да ми пишете во коментар или во порака, доколку сакате да останете анонимни. Цената на секоја слика е објавена под фотографијата. Во цената не е пресметан трошокот за поштарина, кој ќе е на товар на купувачот. Сликите ќе можат да бидат доставени само во Македонија, напиша на фејсбук организаторот на школата Тони Попов.
Подетално на следниов фб профил:
https://www.facebook.com/toni.popov.549/posts/10159019226805853
Публицитет.мк







