Во пресрет на вториот уписен рок закажан за 3 септември од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ информираат дека во првиот уписен рок е забележан пораст од 30% на бројот на запишани студенти, во споредба со минатогодишните уписи.
Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника и Студиската програма по е-влада, е-бизнис е-култура при Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика.
Во претстојниот уписен рок на идните студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ им стојат на располагање 345 слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми.