Еден од поголемите талентирани автори кои се двигатели на новата модерна уметност, сликар што успешно знае да влезе во атмосфера и да ни ја долови детската емоција во совршено колоритна импресија.
Жани Гелевска Велјановска дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година таа учествувала на бројни изложби во Македонија, каде што е вклучени во разни проекти поврзани со уметност. Нејзиното сликарство е презентирано во повеќе од 15 земји во светот и е застапена во многу приватни и јавни колекции.
Во 1999 година Жани беше поканета да изложува во престижниот Blains ликовна уметничка галерија во Мејфер, Лондон и веднаш по што таа се преселува во Англија, каде што таа и сега работи како слободен уметник со полно работно време.
Жани е секогаш спремна за експериментирање а нејзините слики се уникатна комбинација која ја постигнува со комбинирање на акрилик и комбинирана техника и голем број на необични материјали.
Во нејзините мотиви како содржина можеме да видиме мостови кои поврзуват светови со еднакви чувства, урбани средини ,сеќавањата на минатото и визии за иднината, социјален живот во стил каков што само ЖАНИ знае да ни го прикаже.
Во нејзините слики доминира оптимизмот , среќата и желбата за еден подобар свет, што е одраз на нејзиниот личен карактер и смисол за креативна слобода.
Жани брзо станува баран талент во светот на современата уметност и ја покажува својата работа во текот на годините во голем број на галерии во Лондон ,Париз,Лион, Њујорк. На Македонската ликовна сцена нејзините слики се изложени и во Галерија Букефал каде перманентно изложува од 2009 година.
Пишува: Љупчо Жупан, Галерија „Букефал“