• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Зимата – жртва на промената на климата

декември 27, 2015
in Аргументи за

Температурите ширум светот ги уриваат сите рекорди. Новогодишната идила се стопи пред нашите очи, додека светските политичари се караа околу климатските цели. А, можеа едноставно да дејствуваат, коментира Соња Дајен.

Се сеќавам на својата прва зима во Германија. Беше студена, многу студена. Живеев во Лајпциг. Се зачудив кога во шумското подрачје, низ кое се возам со велосипед до градскиот центар, сретнав луѓе – на скии. И следната зима беше остра. Во меѓувреме живеам во Бон. Мојата лична долна граница за возење велосипед е нула степени. Бидејќи потекнувам од сончевата Аризона, ми требаше време за навикнување на студот. Без оглед на тоа, бев одушевена кога сивиот предел осамна под блескав снег. Една другарка сакаше санкање, па и јас купив санка на пазарот за половни производи. Но, снег веќе не паѓа. Веќе трета година снегот во Бон се топи за само неколку часа.

Оваа зима ги соборува сите температурни рекорди, таа е најтопла од почетокот на мерењата на температурите, претекнувајќи ја претходната зима. Можеби така ќе биде и идната година.

Температурите се мерат уште од периодот пред индустријализацијата, оттогаш глобалната температура порасна за еден степен.

Има и такви кои велат дека топлите зими, посебно во централна Европа, се вистински благослов. Помалку луѓе смрзнуваат на екстремно ниски температури, а земјоделците можат да го образботуваат земјиштето. Можеби наскоро ќе имаме лозја и во Скандинавија, па ќе уживаме во добрите северни вина.

Иако постои понекоја предност од глобалното загревање, кога ќе се погледне во целина, ситуацијата воопшто не е добра. Минатите години покажаа дека силните бури и поплави се последица на климатските промени, исто како и сушите и неподносливите горештини. Овие екстремни климатски феномени ги уништуваат еколошките системи, но и системите од кои зависиме сите ние: производството на храна, снабдувањето со вода и чистите океани. Глобалните климатски промени напредуваат и ние луѓето се‘ подиректно ќе ги чувствуваме последиците на овој огромен експеримент кој го вршиме на планетата Земја.

Соња Дајен

Неодамна известував од Конференцијата за климата во Париз. Ситуацијата всушност беше неподносливо апсурдна. Како можат луѓето да преговараат за климата на планетата? Луѓето ширум светот се израдуваа на договорот за усвојување на целта – ограничување на глобалното загревање на најмногу 1,5 степени во однос на периодот пред индустријализацијата. Но, замислете, ако е ова што го доживуваме последица од загревањето на само едне степен, што ќе донесе уште дополнително половина степен загревање?

Не само што е апсурдно преговарање за климатските цели, туку е и арогантно. Ако глобалната заедница навистина сака да преземе одговорност, тогаш во овој момент мора да прекине согорувањето на фосилни енергенси.

Можеби некогаш ќе му раскажувам на својот внук дека некогаш вистински паѓаше снег. Можеби мојата загриженост е преуранета, можеби ќе доживееме и екстремни снежни бури. Можеби дури и среде лето. Можеби топењето на мразот на Гренланд ќе биде само вовед во ново ледено доба, како што некои прогнозираат. Додека не го дознаам тоа, мојата санка ќе остане во подрумот. А мене ќе ми недостига снежна зима.

Извор: dw.com

Посетеност: 131
Share
Previous Post

DW: Македонците во голем број се селат во Германија

Next Post

По што ќе се сеќавате на оваа веќе стара 2015 година?

Next Post

По што ќе се сеќавате на оваа веќе стара 2015 година?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 131

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk