Mercedes GLC Coupe, автомобил го креираше Славче Танески кој работи за брендот Мерцедес во Германија.
Сигурно ќе се прашате зошто македонски, бидејќи дизајнерот на оваа креација е нашиот Славче Таневски – младиот македонски дизајнер кој е дел од дизајнерскиот тим на Mercedes. Имено Славче веќе некое време работи за овој германски бренд, а неговите дела се веќе дел од голем број на дизајнерски елементи кои се вклопени во голем број на автомобили од овој бренд. Но новиот модел GLC Coupe кој моментално на авто саемот во Њујорк го доживува своето деби е целосна негова креација која ќе доживее сериско производство.
Па што точно има создадено Славче?! – GLC Coupe се карактеризира со оној купе изглед и големи задни фарови што помалку наликуваат како оние кај неговиот поголем брат GLE Coupe. На предниот дел е воочлива голема решетка во форма на дијаманти (дизајнерски белег кој што веќе е препознатлив за Славче, но и за Mercedes), поставена е истата хауба од стандардната верзија на GLC, а се забележуваат и поспортски браници. Но мораме да признаеме дека додека за GLE Coupe сметаме дека е чиста копија на неговиот еден и единствен ривал BMW X6 и автомобил на кој дизајнот воопшто не ни се допаѓа, во овој случај иако GLC Coupe содржи некои слични карактеристики на задниот дел сепак мораме да признаеме дека Славче создал навистина симпатичен автомобил и ова не го говориме само затоа што е наш туку навистина ни се допаѓа!
Внатре можат да се најдат неколку промени во однос со стандардната верзија на GLC. Coupe верзијата добива ентериер кој одговара како оној на C-класата, поставена е целосно нова централна конзола на кој е поставен е и нов екран кој наликува како таблет. Иако содржи купе форма, во споредба со стандардната верзија, Coupe e подолго и пошироко за 80/40 милиметри со што сепак е задржана истата внатрешна големина за седење со што не е нарушен комфорот на патниците.
Со лансирањето, GLC Coupe ќе биде понуден во неколку верзии, односно под хаубата ќе имате можност да изберете помеѓу вкупно 8 опции на мотори, вклучувајќи ги 2,1 литарскиот дизел мотор со 168 коњски сили, 2,0 литарскиот бензински мотор со 208 коњски сили како и хибридната верзија од 2,0 литарскиот бензински и електричен мотор кои во комбинација ќе произведуваат вкупно 315 коњски сили. Исто така ќе биде понудена и 4,0 литарската V8 бензинска AMG верзија која ќе произведува 503 коњски сили..
Овој прв македонски теренец ќе се појави низ салоните од јуни месец оваа година по цена околу 49,000 евра, а се надеваме дека ќе имаме прилика често да го гледаме ова дело низ нашите улици, но и да имаме повеќе шанси да гледаме вакви дела креирани од македонци!
Извор: www.rpm.mk