Пред Денот на независноста на Република Македонија – Осми септември учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид го започнаа проектот „Ја сакам мојата татковина Република Македонија“.

Под менторство на наставничките Виолета Илиевска и Валентина Кузманоска работеа вредно и успеаа во намерата.

Тогаш ни ветија дека кога ќе го изработат знамето преку специјалната техника филигран ќе ни испратат фотографии од својот заеднички труд. Така и направија. Знамињата ги красат нивните училници, а фотографиите нашиот веб сајт.
Публицитет.мк






