• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Зошто е тешко да се гледа соговорникот во очи?

јануари 15, 2017
in Занимливости

Едно ново истржување покажува дека постои добра научна причина зошто некои луѓе не успеваат да го гледаат соговорникот во очи за целото време додека разговараат со него.

Всушност, нашиот мозок не може во исто време да се справи со двете задачи – да мисли што ќе каже и да се фокусира на лицето на соговорникот.

Овој ефект станува уште поизразен кога се обидуваме да се сетиме на некој помалку познат збор, затоа што се смета дека при тоа се користат истите ментални ресурси како и при одржување контакт со очите.

Научниците  од Универзитетот Кјото во Јапонија, го тестирале ова на 26 волонтери, кои требало да играат асоцијации на одредени зборови, додека гледале во комјутерски лица.

Тие биле тестирани и додека гледале во анимираното лице и кога го тргале погледот од него.

На волонтерите им било потребно подолго време да се сетат на соодветниот збор додека гледале во лицата, но само кај потешките асоцијации. Научниците веруваат дека двоумењето значи дека мозокот се справува со премногу информации наеднаш.

Иако, се разбира дека е можно е да се гледа соговорникот во очи и да се разговара, ова претставува доказ дека и за двете задачи е потребно исто поле на когнитивни ресурси, а тоа поле понекогаш може едноставно да се исцрпи.

Happy business people talking on meeting at office

Големината на примерокот користен во истражувањето е прилично мала, но хипотезата е интересна и не е првата студија што укажува дека мозокот станува малку „збунет“ кога се работи за гледањето во очи.

Минатата година, италијанскиот психолог Џовани Капуто, демонстрираше дека гледањето  во нечии очи 10 минути, индуцира изменета состојба на свеста. Учесниците гледале халуцинации од чудовишта, свои роднини, па дури и од своите лица.

Причината за ова се чини е процесот наречен неврална адаптација, кога мозокот постепено го менува својот одговор на стимулот кој останува непроменет – кога ќе ја ставите раката на маса, тоа веднаш го чувствувате, но ако ја оставите раката подолго таму, чувството се намалува.

И волонтерите кои учествувале во експериментот со асоцијациите, можно е да доживеале ваков тип на неврална адаптација, но истражувачите од Универитетот Кјото велат дека се потребни понатамошни истражувања за поврзаноста на вербалната и невербалната комуникација.

Извор: www.enauka.mk 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар

Next Post

Животот е полесен кога мама е тука…

Next Post

Животот е полесен кога мама е тука...

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk