Папагалите се едни од ретките животни кои што се сметаат за „вокални ученици“ што значи дека можат да имитираат звуци. Истражувачите се обиделе да разберат зошто некои видови на птици се подобри имитатори од другите. Освен разликата во големината на одредени мозочни региони, досега немаше други потенцијални објаснувања.
Едно неодамнешно истражување покажало дека мозокот на папагалите е поинаку структуиран од мозоците на птиците песнопојки и колибрите, кои исто така се „вокални ученици“. Освен тоа што го имаат оној центар во мозокот кој го контролира вокалното учење, наречен „јадро“, папагалите имаат и дел кој научниците го нарекуваат „школка“ или надворешен прстен, кој исто така е вклучен во вокалното учење и е релативно поголем кај видовите на папагали кои се познати по својата способност да го имитираат човечкиот говор.
Истражувачите се изненадени како досега не го забележале овој специфичен дел од мозокот. Кога еднаш ќе го забележите навистина е очигледен.
Новите резултати се поддршка на хипотезата дека кај луѓето и другите видови способни за вокално учење, способноста за имитиција е контролирана од мозочната шема за дупликација. Процесот на „copy-paste“ се’ уште e непознат. Иако има уште многу прашања и потреба од дополнителни анализи, тимот се надева дека ова дава одговор на огромна загатка од областа.
Ова откритие е дел од многу поголем меѓународен напор за комплетно секвенционирање на геномите на сите 10.000 видови на птици во текот на следните пет години, наречен „Bird 10K Project“.
Извор: www.enauka.mk