• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ОД СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ И БРАТСТВО ДО САМОУНИШТУВАЊЕ

август 23, 2023
in Аргументи за
АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ОД СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ И БРАТСТВО ДО САМОУНИШТУВАЊЕ

Размислете каде е вашиот дом, што го загрева, кого поддржувате и на што се надевате!

 

Во потрагата по вистината учиме дека сите луѓе се браќа, дека имаат исти потреби и треба да имаат исти услови тие потреби да ги исполнуваат. Слободата е еден од основните предуслови во таа потрага. Слободата е природно право на секое човечко суштество. Тоа е основна алатка на патот до вистината за себе и другите. Човек без слобода не е човек затоа што со него не владее разумот, волјата и моралот.

Сè што прави еден човек треба да се заснова на моралниот принцип: правете им го на другите она што вие би сакале да ви го прават, или не правете им го на другите она што вие не би сакале да ви го прават. Кога зборуваме за слобода на совеста, мора да кажеме дека од сите создадени суштества, човекот е единствениот кој има способност да мисли и има совест.

Слободата произлегува од еднаквоста на правата така што таму каде што нема еднаквост, некој својата, условно кажано, „слобода“ ја постигнува на сметка на туѓа штета. Услов за остварување на слободата се еднаквост за сите луѓе без разлика на класа, религија, нација. Еднаквоста не учи каква треба да биде слободата и го подобрува нашето знаење за неа.

На патот кон вистината и слободата, никогаш не смееме да заборавиме дека сите луѓе се браќа и дека братската љубов е главниот врзувачки материјал внатре во нас и меѓу нас. Таа невидлива врска, внатре и надвор од нас е предуслов за знаењето за вистината и смислата на „Бидејќи љубовта е непогрешлива и нема грешки, затоа сите грешки се само недостаток на љубов“ (Вилијам Ло).

Кога заедницата од луѓето се стремат кон овие вредности и кога за тоа постои единство тогаш е можно да се започне со обновување на „изгубените“ вредности и да се постигне напредок – развој во целина. Тогаш човечкото просветлување или преобразување е можно, а слободата е предуслов.

Каде сме денеска? Да ја погледнеме нашата реалност денес, да ја преслушаме нашата совест и ќе видиме дека сите недоразбирања, конфликти, кавги и војни се резултат на човековото неразбирање на сопственото битие. Непознавањето на суштината на битието предизвикува опседнатоста на човекот со своите желби и амбиции за моќ и слава на штета на вистината, на слободата и вредностите за кои зборуваме.

Загрозувањето на човештвото во сите негови елементи укажува на голема светска криза. Тоа е резултат на човековото незнаење и постигнување на материјално на штета на духовното. Во прашање е морална и духовна криза која предизвикува економска, политичка и секоја друга криза. Многу луѓе се убиени, прогонувани и нивните основни права се прекршени. Голем број луѓе умираат од глад или немаат основни потреби услови за живот, додека други фрлаат огромни количини храна и трошат огромни суми пари за вооружување и слично.

 

capture 20230823 182737

Најважниот начин да се задоволат така разбраните потреби е вооружувањето за евентуална одбрана. Податоците за количеството на средствата што се трошат за вооружување биле чувани како најголеми државни тајни. Не треба да се сомнева дека овие ресурси се огромни и дека секогаш се поголеми од тие кои се јавно изразени. Ваквиот однос меѓу луѓето се одразува и на односот на човекот со другите суштества и природата.

Цели животински и растителни видови исчезнуваат на Земјата, озонската обвивка е оштетена, што предизвикува глобално затоплување на земјата со големи последици врз климатски услови кои се менуваат на штета на човекот. Се зголемува бројот на земјотреси, поплави, урагани и слично во кои страдат голем број луѓе со огромни материјални трошоци. Долгорочното, прекумерното загадување на земјиштето, водата и воздухот од кој страдаат луѓето, животните и растенијата, укажуваат на алармантна ситуација. Статистички податоци за бројот на луѓето кои починале, се разболеле и настрадале како последица на загрозеноста на природата е огромна и што е особено загрижувачко, станува сè поголем секој ден. Ако ја сфатиме Земјата како дом на човекот, што таа и е, би можеле да констатираме во каква состојба е домаќинството, не го гледаат заедничкиот интерес, не се разбираат и секој си „влече“ на своја страна. Никој самата „куќа“ не ја одржува и целото домаќинство ја доживува како туѓа. Човекот се однесува во таа куќа како гостин кој го злоупотребува гостопримството.

Се чини дека човекот ја започна најважната борба што не смее да ја изгуби. Борбата за зачувување на својод вид и планетата Земја. Ако оние кои управуваат со ова борба не се ослободат од егоизмот и ако нивните лични проблеми и проблемите на нивните земји се поважни од проблемите на човештвото, ќе се изгуби оваа борба и нема да имаме шанса за „реванш“. Борбата ќе биде изгубена и ако нема повеќе слобода во повеќето земји, правила на еднаквост, љубов и заедништво. Затоа човечкото преобразување мора да се земе како основен предуслов за реализација на таа цел.

Индикативни се последните војни и страдањата на невините луѓе на фактот дека наместо вредности за слобода, еднаквост, братство и солидарност човекот тргна кон самоуништување. Наместо, како слободни граѓани, од таа искра на љубовта, што  Создателот ја запали во нас при раѓањето, да направиме разгорување и пламен што ќе грее и осветли сè, ние додаваме масло на огнот на ароганцијата, омразата и моќта во кој ќе изгориме.

Сега размислете каде е вашиот дом, што го загрева, кого поддржувате и на што се надевате!

 

 003 copy copy copy copy copy

 

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Публицитет.мк 

Посетеност: 150
Share
Previous Post

„Мементо“ на Османли пред њујоршката публика

Next Post

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје, ќе биде поставена во Софија

Next Post
Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје, ќе биде поставена во Софија

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје, ќе биде поставена во Софија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 150

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk