• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО Охрид: Кари зачин со необичен вкус – мнозина не можат да му одолеат

февруари 4, 2024
in Uncategorized

 Кари во прав се користи во Јужно азиската кујна. Карито во прав е зачин, микс составен од куркума, коријандер, тилчец, ким, црн пипер, ѓумбир, семе од синап, анасон и црвен пипер. Се користи за да се направи кари сос за говедско, пилешко, јагнешко месо или зеленчук. Исто така, може да се додаде во супи и чорби. Пробајте го карито со јајца, ориз, и други јадења за да добиете уникатен и егзотичен вкус. Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод.
Производот е усогласен со пропишаните услови.

Кари


 Баркод

5319990421791

 Пакување

1/10 40 гр.

 Шифра

350

1WN3vY2Ohtkari

Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, затоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето, истовремено ја прават храната попривлечна и ја намалуваат и потребата за посолување на оброците.

Зачинот кари кој е достапен низ маркетите не е составен од една билка, туку тој се добива како мешавина од повеќе различни корисни зачини. За да се добие добар кари зачин, потребна е умешност, вештина, трпение и чувство за рамнотежа.

Карито потекнува од индискиот полуостров. Постојат најразлични комбинации од кои се добива, но главните составни елементи на секој кари зачин се: куркума, коријандер, кумин, толчник (пискавица или тилчец) и чили. Во некои комбинации влегуваат и: семе од синап, цимет, кардамон, лук, ловоров лист, морско оревче, каранфилче, различни биберови зрна итн.

Вкусовите на овој зачин можат да варираат од умерено до силно лути, а кога станува збор за хранливата вредност, кари зачинот, веројатно е најдобриот зачин што можете да го најдете на полиците низ маркетите.

Се работи за исклучително моќен антиоксидативен и микронутритивен (витамини и минерали) извор. Тоа и не е за изненадување, бидејќи карито е комбинација од особено корисни антиоксидативни зачини, кои веќе претходно ги наведовме.

Во една лажичка кари или во околу 15g, се содржат: 20 калории, 3,5 г јаглехидрати од кои дури 3,4 г растителни влакна, 0,9 г масти, 0,9 г протеини, 10% од дневните потреби за витамин Е, 5% од д.потреби за витамин К, 1% витамин Б5, 8% бакар, 15% железо, 22% манган, 4% селен, 4% од магнезиум, 2% цинк

Исто така, кари зачините вообичаено содржат и калиум, калциум, фосфор, витамини од Б групата и низа потентни антиоксидативни компоненти.

Моќно антиоксидативно и антивоспалително средство

Акутните, односно моменталните процеси на воспаленија му се од особена важност на телото во борбата против инфективните болести. Но, хроничните воспалителни процеси се многу штет-ни по здравјето.

 

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички „отпад”. Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен ст-рес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

https://nmd.mk/wp-content/uploads/2021/03/kurkuma5-300×210.png 300w,

Спречувањето на оксидативниот ст-рес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за најчестите хронични заболувања како што се: кардиоваскуларни, малигни заболувања, дијабет Алцхајмер итн.

Така, секоја компонента која може да помогне во намалувањето на хроничната инфламација е од особена важност. Секој зачин од којшто е составено карито, претставува посебно моќен антиоксидативен извор. Како поважни, ќе ги издвоиме само куркумата, коријандерот и чилито.

Публицитет.мк 

Посетеност: 212
Share
Previous Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на Dandy-Walker syndrome

Next Post

Владино-државна делегација свечено го одбележа денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев

Next Post
Владино-државна делегација свечено го одбележа денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев

Владино-државна делегација свечено го одбележа денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 212

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk