• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Во чест на Прличев – Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

декември 15, 2023
in Тикер
Во чест на Прличев – Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: Како против пизмата?

 Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Често зборувал и за нетрпеливоста меѓу луѓето и лошите намери, едни против други и како да се надмине тоа. Со конкурсот сакаме  да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.

ПРОПОЗИЦИИ:

На Конкурсот можат да се пријават  сите млади од 15 до 30 годишна возраст од Република Северна Македонија.

Беседата Како против пизмата? не смее да биде поголема од 3000 зборови и треба да е напишана во фонтот ariel 12.

Беседите не смеат да имаат во себе  политичка, етничка и верска содржина,  туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не се публикувани…

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста.

Беседите авторите треба да ги достават во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000

Конкурсот е отворен до 15  јануари, 2024 година.

Шифрите на трите наградени Беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари, 2024 на веб страницата на Библиотеката и преку медиумите.

Наградите на најдобрите тројца автори кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Публицитет.мк 

Посетеност: 168
Share
Previous Post

Новогодишен концерт на „Охридско лето“ со делата на Штраус, Брамс, Калман…

Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти

Next Post
Костадиновска-Стојчевска: Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти

Костадиновска-Стојчевска: Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk