• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

март 24, 2024
in Во потрага по трајната убавина
Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

Поетот Жан Пјер Симеон од Франција е добитник на наградата „Златен венец“ за оваа година, соопшти професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

На свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите на Светскиот ден на поезијата, за фестивалот говореа професорката Шелева и директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

Наградата ќе му биде врачена на лауреатот на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинашното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 22 до 26 август.

Шелева во своето обраќање посочи дека Жан Пјер Симеон е поет со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски домени.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година, што Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за стихозбирката „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски, рече дека оваа година ја обновуваат и наградата „Млада Струга“ што ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса. Покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ оваа година ќе биде Делегацијата на ЕУ, преку Европската куќа во Струга – најновата членка на мрежата на Европска куќа.

Министерство за култура 

Публицитет.мк 

Посетеност: 339
Share
Previous Post

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга годинава одбележува два големи јубилеи

Next Post

АЛПОЈО Охрид: На вашата трпеза нека има барем еднаш неделно интегрален ориз

Next Post

АЛПОЈО Охрид: На вашата трпеза нека има барем еднаш неделно интегрален ориз

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 339

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk