• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Недела на борба против СИДА – три нови случаи инфицирани со ХИВ вирусот во Охрид

декември 2, 2023
in Тикер
Недела на борба против СИДА – три нови случаи инфицирани со ХИВ вирусот во Охрид

1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2023 г.), Црвен крст Охрид ги одбележува со низа активности во рамките на светската кампања под мотото „LET COMMUNITIES LEAD”   „НЕКА ЗАЕДНИЦИТЕ ВОДАТ“  потенцирајќи го значењето и важноста од заедничкото делување во борба против СИДА-та.  Овој ден претставува заедничка борба, не само медицинска туку и општествена, во која секој сегмент има клучна улога.

Со цел подигање на нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои живеат со ХИВ, вчера волонтерите на Црвен крст Охрид низ охридските улици, кафулиња и јавни собиралишта на минувачите, посетителите  им ставаа црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка за оние кои живеат со СИДА. Ќе се дели и едукативен материјал, кондоми и совети за превенција и заштита од ХИВ/СИДА.

Во основните и средните училишта дистрибуирани се типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со основните знаења за ХИВ вирусот, начин на пренесување и заштита.

Инаку, расте бројот на новорегистрирани случаи на инфекции со ХИВ вирусот  во Охрид. За разлика од минатата година кога имавме два новорегистрирани случаи на ХИВ/СИДА, оваа година има три нови случаи во Охрид, кажа на вчерашниот прес во Црвен крст – Охрид д-р Јованка Стурлакова Коровешоска –  специјалист епидемиолог. 

 Од три новорегистрирани случаи,еден е во возрасна група од 25-29 години, другиот е во возрасна група од 35 – 39 години а третиот  е на возраст 50-59 години. Едно од нив е  припадник на мсм популација (мажи кои имаат секс со мажи), еден е бисексуалец и третото лице е хетеросексуалец.“ – кажа д-р Стурлакова Коровешоска.

На ниво на држава годинава има 46 нови случаи на ХИВ/СИДА од кои најголемиот број се од машки пол (42лица) а  4 лица се од женски пол.  Според начинот на трансмисија на вирусот 22 лица од новорегистрираните случи се мажи кои имаат секс со мажи, додека 20 лица се хетеросексулани и 4 лица се бисексуалци. Оваа година од сида починале 3 лица. Во Македонија 505 лица живеат со хив/сида.

Во текот на Неделата на борба против СИДА планирани се интерактивни едукативни предавања и работилници со младите во просториите на Црвен крст Охрид и во училиштата.

Активностите организирани по повод Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.

И оваа година активностите во кампањата на Црвен крст Охрид за борба против ХИВ/СИДА се поддржани од Canadian for Children at Health Risk од Канада.

Публицитет.мк 

Посетеност: 157
Share
Previous Post

Струга домаќин на проектот: „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“

Next Post

ГФК Охрид Лихнидос – ФК Тетекс 2 – 0

Next Post
ГФК Охрид Лихнидос – ФК Тетекс 2 – 0

ГФК Охрид Лихнидос - ФК Тетекс 2 - 0

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 157

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk