Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија направена со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“.
Во рамките на културно – забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ секој учесник на Конкурсот имаше право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината. Деновиве од 34 фотографии од 19 автори беа избрани најдобрите три. Порталот ПУБЛИЦИТЕТ како медиумски покровител во наредниве недели ќе ги објави сите пристиганти фотографии во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА . Започнуваме со прво наградената фотка на Рубин Митевски од Демир Хисар.

Публицитет.мк