• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Со авторот Лазе Трипков за неговата изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“

декември 24, 2025
in Во потрага по трајната убавина
Со авторот Лазе Трипков за неговата изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“

Во фокусот на 64-тите Струшките вечери на поезијата годинава беше Глаголицата, како една симболична врска, мост кој обединува низ вековите. Врска меѓу Македонија и Словачка уште од времето на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и поетска Словачка од каде што ни дојде и годинашниот лауреат на Златниот венец на поезијата поетот – Иван Штрпка.

Токму затоа за промоција на годинашното издание беа подготвени графички и видео содржини кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонд кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она што го знаеме како старословенски јазик. Традиција или врска која што надминува временски период од 1.160 години. Годинава, манифестацијата ги подвлече овие вредности што како традиција ги имаме во поглед на литературното создавање и несомнено и во поезијата, бидејќи се појавува уште со почетоците на писменоста кај нас. Тоа значи дека и литературата и јазикот и поезијата своите корени ги влечат далеку во минатото, а нивните рефлексии и одеци ги слушаме и денес.

Во рамките на овој надалеку познат Меѓународен поетски фестивал  беше отворена и изложбата  „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ дело на Лазе Трипков од Скопје, кој беше и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова Фестивалско издание.

На изложбата беа претставени 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица.

Глаголицата за него, не е само елемент кој што живее во форма на изложба, туку глаголицата од пред три години тој ја префрлил во виртуелна реалност.

За култот кон глаголицата на словенските простори и за новите предизвици. Со Лазе Трипков во Струга се сретна и разговараше Милчо Јованоски:

Публицитет.мк

Посетеност: 645
Share
Previous Post

СБС на македонски: Романот „Повторно роден“ од Марина Шикова – Димовска е вистинска животна приказна со локација во Мелбурн

Next Post

Љупчо Чинго: Моите австралиски години…

Next Post
Љупчо Чинго: Моите австралиски години…

Љупчо Чинго: Моите австралиски години...

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 645

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk