• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Утре, промоција на „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ од д- р Елена Обухова

август 6, 2025
in Uncategorized
Утре, промоција на „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ од д- р Елена Обухова

Утре, четврток во пресрет на големиот празник Св Климент – летен од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се случи промоција на книгата за деца „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ од д- р Елена Обухова.

Се работи за второто прозно дело за деца од авторката Обухова, после успешната „Продавница за чудни миленичиња“. Писателката Обухова е и авторка на илустрациите. Интересно е што дејствието на книгата е сместено токму во градот Охрид!

Промотор ќе биде д-р Емил Ниами а со авторката за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.

„Во волшебната продавница за чудни миленичиња на чичко Ненад, која се наоѓа на централната улица во Охрид, доаѓањето на зимата се чувствува на посебен начин. Оваа година близнаците Марко и Марика, а исто така и нивната најдобра другарка Теа, со кои читателите веќе се запознаа во првата книга, за првпат ја поминуваат зимата заедно со посебните суштества од тајната волшебна земја Тамусечека.

Нив ги очекуваат низа новогодишни празници, кои се одбележуваат со низа локални особености и традиции.

Но на ниту еден од нив не му се наговестува спокојно поминување на зимскиот распуст без авантури. Во градот пристигнува прабабата на Теа која поголемиот дел од животот го поминала во Јапонија, а заедно со неа доаѓаат и… Кој и зошто дошол заедно со неа и што излегло од сето тоа ќе дознаете на страниците на оваа книга, а другарувањето на прабабата Нена со децата ќе ве потсети на заедничките мигови поминати со вашите баби и дедовци.“

„Зима во продавницата за чудни миленичиња“ е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура и туризам.

Публицитет.мк

Посетеност: 232
Share
Previous Post

Книжевно-музички настан: пет години „(е)Лит“

Next Post

Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

Next Post
Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 232

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk