Таа е фантастична и пее одлично, веќе е миленичка на многумина низ Балканот. Ова се коментарите кои можат да се сретнат на пишаните и електронските медиуми а се однесуваат на младата и талентирана Барбара Поповиќ. Веруваме нема човек кој синоќа не затрепери и не уживаше во нејзината бравурозна изведба на „Зајди, зајди, јасно сонце“ во белградското ТВ IDJ Show“.
Барбара со она што го покажа на сцената не ги остави рамнодушни ни публиката, ни жирито: раперот Реља Поповиќ, пејачката Наташа Беквалац и еден од најдобрите македонски композитори, Дарко Димитров, но и следбениците на социјалните мрежи.
Бројот на прегледи на You tube од синоќешната изведба го потврдува тоа најдобро. Барбара заслужува подрршка од сите нас. Ајде да гласаме за неа…
„МОЈА МАКЕДОНИЈО“, НАПИША ПОПОВИЌ ПОД СВОЈАТА ОБЈАВА ОД СВОЈОТ НАСТАП.
Барбара е дипломиран оперски пејач, свири на пијано. Заврши на ФМУ – соло пеење со просек 9. Музичка кариера ја започнала од 6 години на реномираниот детски фестивал „Супер Ѕвезда“ со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи. На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.
Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје.
На 30 ноември 2013 година Поповиќ ја претставила Македонија на европскиот музички фестивал Детски избор за песна на Евровизија со песната „Охрид и музика“. И не случајно за Охрид бидејќи по мајка и’ Наташа има охридски корени.
По кратка пауза, се врати на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”
На стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија, Барбара ги испеа и двете химни на Македонија и Италија.
Следната голема сцена за Барбара ќе биде Сан Ремо. Времето е на страна на нашата Барбара ние само треба да ја бодриме и да го следиме секој нејзин настап.
Публицитет.мк