16 мај 2026
Специјално од Виена: Валентина Ѓоргиевска Парго
Вечерва нѐ очекува вистинска магија и досега невидено сценско чудо, на финалето на 70. издание на Eurovision Song Contest 2026 во прекрасната Виена.
Се одржува во Виенер Штадхале и почнува во 21 часот по средноевропско време, а МРТВ ќе има пренос на своите програми…
Оваа година атмосферата е навистина историска бидејќи се слават 70 години Евровизија.
Вечерва ќе настапат 25 земји – квалификуваните од полуфиналињата, плус големата четворка и домаќинот Австрија. Голем фаворит според обложувалниците и фановите е Финска со моќниот фајр-поп спектакуларен настап на песната „Liekinheitin“, но се зборува и за кинематографскиот електро поп настап на Австралија, модерниот арт-pop со силна порака на Грција, вокалната изведба на Израел и на Австрија.
Отворањето ќе биде голем сценски спектакл инспириран од победничката песна „Wasted Love“ на минатогодишниот австриски победник Џеј Џеј.
Ќе има акробати, пламени ефекти, оркестарски елементи и омаж на историјата на Евровизија.

Интервал- актите се многу силни: настапуваат австрискиот маестро Паров Стелар и Цезар Сампсон со специјална изведба на „Vienna“ од Били Џоел.
Водители на шоуто се Викторија Сваровски и Михаел Островски, за кого единствено има забелешка за неговиот аутфит кој е ретро како од седумдесеттите (а можеби и намерно, за да ги потсети повозрасните носталгични генерации на “нивното време”) а затоа и домаќионот ORF подготви и многу референци кон старите евровизиски години.
Евровизијата годинава ќе биде како друга планета. Со концепт на интензивен и премногу добро изведен софистициран и модерно езотеричен “напад на сите сетила” како да станува свет за млади кои може тоа да го восприемаат со својата моториката и сенс, а дека е сѐ повеќе за млади зборува и фактот што оваа година настапи и планетарната икона од осумдесеттите Бој Џорџ како автор и придружба на Сенхит претставничката на Сан Марино, но и покрај сета одушевеноат и публицитет што го остави зад себе, не успеаја да влезат во финале, бидејќи телевоутинг гласачите се сѐ повеќе млади генерации, кои се свртени кон своите идоли.
Оваа година Евровизија носи и многу емоции и пораки за единство. И покрај политичките тензии и повлекувањето на неколку земји поради учеството на Израел (во врска со конфликтот со Палестина ои Газа) во Виена владее чувство дека музиката повторно ги спојува луѓето.
Оваа година, целата евровизиска недела беше нешто навистина фантастично и во неа уживаа делегации, намален број на новинари и многу малку број фанови, а вечерва сите нѐ очекува вистинско чудо од спектакл кој ќе се движи како на брза лента и се претпоставува дека ќе ги надмине сите досегашни рекорди на милионска гледаност.
Уживајте!

Специјален спонзор на патувањето: Спектра турс Скопје- Фудекс Белград!








