• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Утре во Струмица, ќе биде доделена наградата  за библиотекари на годината за 2025 „Павлина Цунева Маказлиева“

јуни 4, 2026
in Актуелно
Утре во Струмица, ќе биде доделена наградата  за библиотекари на годината за 2025 „Павлина Цунева Маказлиева“

Утре , во големата сала на АРМ во Струмица, ќе бидат доделени годишните награди за библиотекари „Павлина Цунева Маказлиева“.
Библиотекари на годината за 2025 се Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ „Григор Прличев“ во Охрид, во категоријата јавни библиотеки, и Ленче Славковска, училишна библиотекарка во ООУ „Наум Наумовски-Борче“од Скопје, во категоријата училишни библиотеки.

Благодарници за особен придонес во библиотекарството ќе им бидат врачени на библиотекарите Моника Талеска, Елена Станкоска, Ѓултен Ајрули, Славица Тодорова и Дијана Петкова.  
Во продолжение на настанот а по  повод 1 Јуни – меѓународниот ден на детето и 10 Јуни –  Меѓународниот ден на почеток на летни читачки кампањи, во рамките на одбележување осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик,  на заедничка иницијатива со: Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски” при УКИМ,  Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија,  Здружението на просветни работници на град Скопје, Здружението на одделенски наставници „Учител“, Здружението на просветни работници на град Куманово, ЛУБ “Благој Јанков Мучето”, Струмица, Општина Струмица и со поддршка на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, ќе се одржи советувањето на тема: БИБЛИОТЕКАТА ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТ  „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата”

Советувањето е наменето за директорите на основните и средните училиштата, градинките и библиотеките, воспитувачите и негувателите, одделенските наставници, наставниците по македонски јазик, класните раководители, стручните работници и соработници и за библиотекарите вработени во училишните, јавните и локалните библиотеки, со цел за заедничко вмрежување и дејствување во правец на промовирање и популаризирање на читачките навики кај најмладата популација,  јавното говорење и изразување, креирање  млади лидери, како и за стандардите и состојбите во областа на списанијата за деца, издаваштвото и книжевноста за деца воопшто.

На советувањето на покана од организаторите предавачи од Охрид ќе бидат: м-р Милчо Јованоски на тема: Библиотеките поблиски до медиумите и јавноста од НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Лила Каранфилоска од ООУ „Св. Наум Охридски“ ќе се осврне на осумте децении печат за деца во Македонија – улогата на Росица, Другарче и Развигор во одделенската настава.

Публицитет.мк

Посетеност: 686
Share
Previous Post

„Battle of the Traitors” нов соло албум на Мартин Милески

Next Post

Нов музички албум „Звукот на корените“ од Гоце Џуклески

Next Post
Нов музички албум „Звукот на корените“ од Гоце Џуклески

Нов музички албум „Звукот на корените“ од Гоце Џуклески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 686

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk