По денешното извлекување познати се сите учесници и нивниот редослед за Фолк вечерта на Охрид Фест – Охридски трубадури 2026!
Кој со каква песна ќе се претстави на фестивалската сцена – веќе е познато. Останува уште најважното: музиката, натпреварот и публиката да го дадат својот суд!
26 август | 20:10 часот | МРТ 1
Водителка: Ирена Спировска
Фолк вечерта – подготвена за голема фестивалска ноќ!
На преубавата сцена Долни Сарај вечерва ќе настапат неколку изведувачи и авторски имиња од Охрид.
Публицитет.мк еве ги обелоденува нивните авторски тимови.
Трет вечерва ќе настапи познатиот Мирко Вретовски со песна од хармоникашот и композитор Гоце Џуклески. Песна од Џуклески ќе изведе уште еден интерпретатор од Охрид, Ѓоко Дичоски.
На сцената ќе се појават и Милован Секулоски со групата Сарај, Петар Нечоски со песна од Енвер Рашити а Мишко Крстевски ќе пее песна на текст од Никола Павлески.
На фестивалот со песни од Григор Копров во аранжман на Јовица Каралиевски ќе пеат и Блага Петреска и Перо Христов.
Доволно причини да бидете во публиката.

Веќе 33 години, „Охрид Фест – Охридски трубадури“ е местото каде што музиката создава спомени, а песните остануваат да живеат со генерации.
Од 1994 година до денес, фестивалот испиша значајни страници од македонската музичка историја, претставувајќи безброј хитови, врвни автори и најголемите музички имиња од Македонија, регионот и светот.
И годинава, на 26 и 27 август, во магичниот амбиент на Долни Сарај – Охрид, продолжува приказната на фестивалот што повеќе од три децении ги обединува традицијата, квалитетната музика и незаборавните емоции.
Публицитет.мк








