
Славица Урумова-Марковска, м-р по историски науки, наставник–ментор, проф. по македонски јазик во ООУ„Лиман Каба”- Скопје, македонска поетеса, книжевен критичар, член на ДПМ, во 2021 год. е добитничка на престижната награда ”Бели мугри” за книгата “Алфа и Омега”, денес го слави 36-от роденден.
Оваа година одбележувам точно триесет години од моето прво појавување во детското списание Другарче, каде за прв пат ми беше отпечатена песната Мојата кукла. Како број можеби звучи многу, но овие три децении се чувствувам како да поминале во еден здив.
“Човек учи додека е жив” и затоа мислам дека треба континуирано да вложува во себе и во својата професија, да ја работи работата која го исполнува. По ова прашање мислам дека јас ја имав таа среќа да го работам тоа што го сакам и креативноста да ја црпам од секојдневието. До сега не ми здодеало, бидејќи истражувам различни содржини, следам како се менуваат времињата и генерациите и се обидувам да го негувам македонскиот литературен јазик.
Сфаќам колку убави работи ми се случија последната година и колку позитивни работи се развија во мојот живот. Благодарна сум им на најблиските што ги имам околу мене и на пријателите/колегите кои се секогаш тука за мене, па така и денес на мојот роденден. Не знам што уште би посакала.
Роденденот ме потсетува на повторно раѓање, на нов почеток. Денес имам шанса да започнам еден нов круг, да се качам една скала погоре… И така… додека се збогувам со уште една година, сфаќам дека ќе направам еден тон слатки сеќавања од и до следната година!
Публицитет.мк







