Еден од основните двигатели на економскиот раст и развој е претприемништвото. Претприемништвото е процес на идентификување на можности и нивно канализирање во бизнис идеи. За подобар претприемачки амбиент неопходни се структурните реформи, кои како црвена нишка се провлекуваат во голем дел од меѓународните извештаи.
Структурните реформи се важни од повеќе димензии за економскиот раст и развој. Структурните реформи најпрво влијаат врз очекувањата во економијата, во стопанството. Структурните реформи и промени влијаат врз зголемување на кредибилитетот во системот. Структурните реформи влијаат врз подигање на нивото на подготвеност на државата за апсорпција на СДИ. Со имплементирање на структурните реформи се подига атрактивноста на државата како инвестициска дестинација.
Структурните реформи влијаат врз подигање на ефикасноста на јавните расходи и јавните инвестиции. Со спроведување на структурните реформи се овозможуваат подобри услови за поголеми мултипликативни ефекти на јавните расходи и поголема ефикасност на фискалната политика. Со структурните реформи се овозможува подигање на конкурентноста на македонската економија
Структурните реформи ќе овозможат подобра основа за истражување и развој, како и развој на иновации во економијата.
Структурните реформи ќе овозможат подигање и на нивото на развиеност на МСП (домашното стопанство). Нивното спроведување ќе ги подобри можностите за среднорочно и долгорочно планирање во претпријатијата. Ефикасните процеси на планирање ќе влијаат на антиципирање на неизвесноста. Подобрата конјуктура ќе влијае на подигање на можностите за подигање на нивото на продуктивност во компаниите.
Со имплементирање на структурните реформи ќе се овозможи поголема подготвеност на македонското стопанство за интегрирање во ЕУ. Тие ќе ги подигнат капацитетите за апсорбирање на финансиските ресурси и нивно канализирање за подобрување на развојот во државата.
Структурните реформи ќе овозможат подобра трансформација на македонската економија во контекст на нејзин зелен развој, декарбонизација и енергетска ефикасност.
Пишува:
Ристе Костовски м-р по економски науки од Охрид
Публицитет.мк