Центарот за обука „Ева “ од Скопје денеска , понеделник , 20 јули започнува со Летната школа – Охрид 2015 г. со програми за секоја возраст.
„Ова ќе биде дефинитивно најдобрата и најзабавната летна школа досега! Во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржуваат курсеви по драма, англиски јазик, фотографија, шминка, креативно пишување, цртање и сликање и многу спортски и забавни активности: одбојка на плажа, кајакарање, aqua aerobic, small ball pilates, body weight work out, вежби со еластични ленти, зумба, штафетни игри, квизови, ноќен маскенбал, посета на театарска претстава на „Охридско лето“, бродска тура до Св. Наум, посета на наколното живеалишта и уште многу друго, “вели сопственичката на тренинг центарот Ева Нединкоска. Мотото на школата е: „ Го славиме животот! Славете со нас!
Курсот за професионално шминкање, како и лани и оваа година ќе го води познатиот охридски стилист Сашко Георгиески од „Арс Нова“ . Часови по професионално шминкање во центарот „Ева“ во Скопје Георгиевски држел и во есенскиот семестар.
Курсот по аеробик ќе го води професорот по физичка култура Кате Бујароска – Анѓелеска од Охрид.
Публицитет.мк