Veyron доби соодветна замена – претставен е Bugatti Chiron!
На крајот од минатата година имавме шанса да го видиме финалниот концепт на Bugatti Chirron наследникот на Veyron, а уште тогаш можевме да го видиме новиот дизајн за кој мора да признаеме дека Bugatti создале еден одличен примерок. Но она што е навистина интересно за овој автомобил е брзината и моќноста.
Додека мислевме до минатата година дека Veyron Super Sport е навистина брз автомобил, тогаш ќе треба да го промениме нашето мислење. Она што деновиве Bugatti го претстави на авто саемот во Женева буквално ги помести границите за перформанси на хипер спортските автомобили. Но тоа си има и своја цена, всушност Bugatti Chiron веќе се продава по цена од 2,5 милиони евра, а со тоа го добивате најмоќниот, најбрзиот, најлуксузниот и најексклузивниот супер спортски автомобил во светот.
Всушшност кога веќе зборуваме за бројки да ги кажеме и перформансите. Chiron е опремен со 4 турбо полначи во 8,0 литарски W16 мотор кој произведува фасцинантни 1479 коњски сили и 1600Nm, додека максималната брзина изнесува 500км/ч, но ќе биде лимитирана до 420км/ч. Во споредба со неговиот предходник, Chiron произведува 300 коњски сили повеќе, а забрзувањето од 0-100км/ч ќе изнесува нешто помалку од 2,5 секунди.
Но за да се постигнуваат вакви перформанси покрај моторот, битни се и други работи од автомобилот, поточно Bugatti потрошиле големо внимание на аеродинамиката, на искористените материјали, но и на менувачот. Односно целата каросерија, но и целата шасија е изработена од карбон, издувниот систем како и голем број на други елементи се изработени од титаниум, а поставен е и менувач кој е еден од најспортските менувачи поставен во еден патнички автомобил.
Од овој модел ќе бидат изработени само 500 модели, а досега 166 ултра богати среќници направиле порачка за Bugatti Chiron.
Извор: www.rpm.mk