На 28 февруари во ударниот пладневен термин во најпопуларната емисија за туризам во Русија, „Непутевје Заметки“ беше прикажана репортажа од Македонија. Автор е познатиот руски патеписец Дмитри Крилов.
-Прекрасната архитектура, недопрената природа, единствените манастирски комплекси, водата чиста како солза и мултикултурализмот вплетен во текот на историјата, е тоа што треба да се види и доживее, порачува Крилов во 15 минутната репортажа во која ги повикува гледачите да ја посетат Македонија.
Во репортажата голем простор е остапен за Охрид и неговите убавини.
Публицитет.мк