• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Aх,тие Оскари ( 2)

август 25, 2015
in Филмољубие

МОСТ НА ШПИОНИ

 os 1

Со секој нов филм познатиот режисер Стивен Спилберг предизвикува внимание и кај публиката и кај критиката. Така, по се’ изгледа , ќе се случи и со драматичниот трилер„Мост на шпионите“,во кој двојниот оскаровец Том Хенкс го игра ликот на адвокатот од Бруклин, Џејмс Донован,кој ќе се најде во средиштето на Студената војна, откако ЦИА ќе го испрати на такаречи невозможна мисија-да мора со Русите да преговара околу пуштањето на слобода на заробениот американски пилот на авионот У-2 . Покрај Том Хенкс во филмот настапуваат уште и Ален Алда,Остин Стовел и Еми Рајан. Инаку, ова е четврта соработка помеѓу актерот Том Хенкс и режисерот Спилберг. Најпрвин тие соработуваа во 1998 година на филмот„Спасувањето на војникот Рајан“ потоа во 2002 година на филмот „Фати ме ако можеш“ и во 2004 година во филмот „Терминал“.Филмот премиерно ќе биде прикажан на 25 септември на претстојниот 53. Филмски фестивал во Њујорк.Каква ќе биде реакцијата на критиката и дали филмот ќе стане потенцијален кандидат за некој од Оскарите, ќе дознаеме наскоро.Стивен Спилберг досега има освоено два Оскари за најдобар режисер и еден почесен оскар за неговиот придонес во седмата уметност.

ЏОЈ

os 2 copy
         
Има една стара изрека која вели: „Тимот што победува, не се менува“.Можеби поведен од неа, познатиот американски режисер од средната генерација Дејвид О. Расел за својот најнов филм „Џој“ повторно ги ангажирал актерите Џенифер Лоренс и Бредли Купер со кои соработуваше во филмовите „Во добро и зло“ во 2012 година и една година подоцна во филмот „Американска измама“. Неговиот нов филм „ Џој“,чија премиера се очекува на 25 декември оваа година, е инспириран со вистинска приказна.Филмот ја донесува приказната за емотивното,животно патување на една жена која цврсто е решена во намерата заедно да го одржи своето ексцентрично дисфункционално семејство- и покрај сите, наизглед непремостливи разлики.Водена од сопствената генијалност и желбата за остварување на животниот сон,Џој успева во својата намера и станува основач на царство вредно билиони долари,трансформирајќи го со тоа сопствениот живот, но и животите на членовите од нејзиното семејство.Ваквата приказна преставува шанса за освојување на наградата Оскар за Џенифер Лоренс, која во 2013 година на 23 годишна возраст го освои својот прв Оскар за најдобра женска улога за филмот „Во добро и зло“, но и шанса за режисерот Дејвид О.Расел да се закити со Оскар по неговите досегашни пет номинации за оваа награда. На такво нешто сигурно ќе се надева и актерот Бредли Купер кој досега дури четири пати бил блиску до оваа награда од кои за последен пат оваа година за улогата во филмот„Американски снајпер“.За квалитетите на филмот „Џој“, кој многумина го сметаат за потенцијален кандидат за Оскар, гарантира и остатокот од актерската екипа меѓу кои се и Роберт Де Ниро,Изабела Роселини,Вирџинија Медсен,Едгар Рамирез,Дајан Лед…

СУФРАЖЕТКИ

osi 3

Такаречи не постои филмска година, кога се работи за номинирани актерки за наградата Оскар,меѓу номинираните да ја нема Мерил Стрип, актерка со апсолутно најголем број на номинации,16, и три освоени Оскари. Се чини дека и следните номинации нема да поминат без неа. Имено, Мерил Стрип и оваа година има два филма кои на одреден начин се потенцијални кандидати за Оскар. Во едниот таа игра лик на рокерка која за да успее во својата кариера дури и се откажува од своето семејство „Подгответе се за Рики“ и во вториот „Суфражетки“ кој премиерно ќе биде прикажан на годинешниот Лондонски филмски фестивал на 7 октомври.Филмот „Суфражетки“ говори за припадничките на движењето кое се бореле за еднаквост за право на глас помеѓу мажите и жените, движење кое започнало кон крајот на 19 и почетокот на 20 век а кое најизразено било во Обединетото Кралство.Мерил Стрип во филмот го толкува ликот на Емелин Панкхерст која била лидер на Британските суфражетки.Филмот е во режија на Сара Гаврон а сценариото е напишано од Аби Морган.Во филмот покрај Мерил Стрип настапуваат уште и Кери Малиган,Хелена Бонам-Картер, Бен Вишоу, Брендон Глисон,Ан –Мари Даф,Ромола Гараи и други.Интересно е да се спомене дека ова е првиот игран филм во историјата на кинематографијата кој бил сниман и на локации во Британскиот Парламент за што добил специјална дозвола од пратениците на Парламентот. Дали оваа автентичност на амбиентот и актерската екипа која работела на овој филм ќе му овозможат тој да стане потенцијален кандидат за Оскар, ќе дознаеме мошне скоро.

ОСУММИНАТА ОМРАЗЕНИ

os 4
Меѓу филмовите кои според првичните видувања се потенцијални кандидати за Оскар се наоѓа и еден вестерн во режија на популарниот Квентин Тарантино кој го привлекува вниманието со секој свој нареден филм.Овојпат се работи за филмот „Осуммината омразени “ во кој настапуваат Семјуел Л. Џексон, Курт Расел, Џенифер Џејсон Ли, Волтон Гогинс,Мајкл Медсен , Брус Дерн,Ченинг Тетјум и Тим Рот. Дејствието на филмот се случува неколку години по Граѓанската војна во Вајоминг и ја следи судбината на осуммина луѓе од запад кои бараат засолниште во една кочија …Приказната на филмот беше објавена од страна на Тарантино во 2013 година,а сценариото обелоденето во 2014 година по што Тарантино одлучи приказната да ја објави како роман.Сепак наскоро се предомисли и приказната ја сними како филм.Снимањето на филмот започнало на 23 јануари 2015 година во Телуриде во Колорадо.Филмот пред гледачите треба да се појави на 8 јануари 2016 година.Тарантино досега има освоено два Оскари за најдобро сценарио .Дали ќе добие номинација и по трет пат во оваа или некоја друга категорија ќе покаже времето.

МАРСОВЕЦ:СПАСУВАЧКА МИСИЈА 3Д

os 5

Во последно време доста се говори пишува за плановите околу првиот лет на вселенски брод со човечки екипаж кој би требало да се упати кон Марс за десетина години. Веќе се објавуваат и поедини имиња на кандидатите за оваа мисија со карта за еден правец. А планетата Марс и особено марсовците отсекогаш ги привлекувале филмаџиите со разноразните приказни поврзани со оваа планета.Една од нив е предмет на научно фантастичниот филм „ Марсовец:Спасувачка екипа 3Д“на познатиот режисер Ридли Скот.Дејствието на филмот е сместено на планетата Марс,а во средиштето на приказната е астронаутот Марк Ватни, првиот човек кој зачекорил на Црвената планета. Набрзо по слетувањето,Ватни е соочен со можноста да биде и првиот кој на Марс ќе ги остави своите коски.Силна бура ја прекинува мисијата на Марс по што преостанатите членови на екипажот губат секаков контакт со Ватни.И покрај се’, тој преживува,но останува сам и напуштен на непријателската планета.Со ограничени ресурси ,тој се обидува да преживее и да испрати порака на Земјата дека се’ уште е на Марс за неговите колеги да го спасат.Тој има доволно залихи да преживее 28 дена во невозможни услови. Со милиони километри подалеку ,НАСА и тим на интернационални научници неуморно работат на тоа да го вратат „Марсовецот“ дома, додека неговата посада планира храбра, ако не и невозможна мисија за негово спасување.Режисерот Ридли Скот досега трипати бил номиниран за Оскар а актерот Мет Дејмон кој го толкува ликот на астронаутот Марк Ватни има освоено еден Оскар за најдобро сценарио. Ова секако е причина повеќе овој високобуџетен филм да биде потенцијален кандидат за некој Оскар.

Ова се само мал дел од првичните прогнози за тоа кои филмови би биле потенцијални кандидати за највредните филмски награди . Првите вистински кандидати ќе бидат познати кон крајот на месец ноември и почетокот на декември кога здруженијата на филмските критичари ќе започнат да ги објавуваат имињата на најдобрите според нивното мислење.

Само да се посетиме дека наградите Оскар ќе бидат доделени на 28 февруари 2016 година.

Ѓоко Симјаноски /Публицитет.мк 

Посетеност: 145
Share
Previous Post

Наум Гаврилоски – основач, прв професор и прв директор на ОМУ „Методи Патче“

Next Post

Како данските училници се создадени да им донесат среќа на учениците?

Next Post

Како данските училници се создадени да им донесат среќа на учениците?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 145

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk