• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Како данските училници се создадени да им донесат среќа на учениците?

август 26, 2015
in Uncategorized

Наскоро започнува школската година насекаде низ светот, па колумнистката Џесика Александер одлучила да направи истражување за данскиот образовен систем и за тоа како данските училници се создадени да им донесат среќа и чувство на емпатија на учениците.

 Внуките на Џесика, Ана и Линеа, една година поминаа учејќи во Америка како студенти на размена. Она што на Александра и` било чудно било кога и двете споменаа дека им било тешко да се сетат каде требале да седат во училницата. За Александра ова било доста чудно бидејќи во текот на студирањето таа секогаш знаела каде и` е местото. Дури подоцна сфатила дека девојчињата се чувствуваат така бидејќи во Данска клупите се наместени на сосема поинаков начин.

Во Данска, учениците се поставени во групи, никогаш посебно. Ова продолжува се` до средно. Главното правило е дека тие се секогаш заедно, никогаш разделени, а децата никогаш немаат исто место. Во текот на годината тие ги менуваат местата такашто постојано седат до различни соученици. Причината за тоа е што наставниците ги мешаат учениците со различни способности, сила и слабости за да си помогнат едни со други. Ова се нарекува кооперативно учење.

Ваквото седење несвесно охрабрува емаптија затоа што учениците треба да се обидат да ги разберат проблемите на своите соученици за да можат да им објаснат како да ги решат. Интересно е тоа што голем број истражувања покажуваат дека учењето на другите всушност го подобрува поединечното учење и меморијата се задржува многу повеќе отколку учењето напамет.

„Во училиштата во Данска би било чудно ако не им помогнеме на оние околу нас“, вели Ана. „Идејата да работиш сам во училницата е чудна за нас. Мислам дека другите ќе те сметаат за аутсајдер ако не им помогнеш на другите и ако работиш сам“, додава таа. 

Ваквиот вид на размислување поттикнува доверба во способностите на учениците и обраќањето на соученикот за помош, а не само барање помош од наставникот. На овој начин ученикот не ги гледа своите соученици како некој што може да му ја земе работата, туку како некој што може да ти помогне и некој на кого можеш да се потприш. Препишувањето е многу потешко да се прави кога учениците се активно охрабрени да си помагаат едни со други.  

Извор: Факултети.мк 

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Aх,тие Оскари ( 2)

Next Post

Црните дупки се премини до други галаксии

Next Post

Црните дупки се премини до други галаксии

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk