Конечно по небројни саати емотивна работа ја промовирам мојата нова песна насловена ”Ново утро”. Идејата за песната се роди некаде пред една година, првично како текст идеја која ме разбуди рано наутро, а потоа ја направив и музиката, вели нашиот Александар Петрески кој живее и работи во Германија,
-Во текстот се испреплетени повеќе теми, од кои доминантна е една, во која се спомнати емоционалните и психолошките предизвици и доживувања кои ги поминувам секогаш кога го напуштам мојот роден град Охрид.
Видеото е снимено на две локации во градот Neuss, каде што живеам, а заради тематиката се одлучив да биде во црно – бело.
Ве молам споделувајте натака, преку музика да шириме позитивна енергија.
Музика, текст, аранжман, микс и мастеринг Aleksandar Petreski Music
Видео продукција @Aleksandar Petreski Music & Flowing Circles
Публцитет.мк