Какаото се пие направено со вода или млеко. Може да се додаде и малку цимет за поубав вкус. Во продажната мрежа побарајте какао и цимет со заштитниот знак АЛПОЈО – Охрид.
Зимата е исклучително поволна сезона за акумулација на телесна маса. Поради краткиот ден и студените температури, се спречува секакво активно вежбање, сите ние сме подложни на качување на килограми.
Токму во зимските месеци луѓето имаат потреба од повеќе енергија и потреба од слатки искушенија. Дали некогаш сте размислувале зошто консумираме повеќе цимет и какао во зима?
Одговор на ова прашање дава foodpanda. Какаото е со благо диуретично дејство, благодарение на теоброминот. Какаото содржи основни минерали важни за правилното функционирање на организмот, фенилетиламин – слаби антидепресиви и стимуланси, кофеин, витамини и серотонин. Земањето на какао е препорачливо, но излегува и барано во студените месеци. Психолозите тврдат дека тоа се должи на потребата од покачување на серотонинот во мозокот.
Циметот е еден од најшироко распространетите зачини, кој покажува фаворизирачка состојба на нивото на шеќерот во крвта, поседува антибактериски својства и е природен дезинфекцикатор. Неверојатно, но циметот ја подобрува будноста и меморијата. Слично на какаото, така и циметот е силен антиоксидант. Повеќето луѓе велат дека во текот на зимата консумираат и какао и цимет претежно растворени во топли пијалаци и најмногу во топло млеко. Друг дел од нив преферираат и тестенини приготвени со волшебните состојки. Голем дел од нив велат дека мирисот на Божиќ е оној на циметот.
Какаото е еден од оние напитоци кои што ретко ни паѓаат на памет да ги конзумираме. Обично какаото се поврзува со малите деца т.е ги лажеме дека пијат кафе, но сепак пожелно е какаото да го пиеме сите.
Има многу причини за да се пие како секој ден, а некои од нив се тоа што какаото го подобрува расположението и го опушта нашиот организам, а многу е добар и за жените во постменопауза.
Тримесечното истражување во кое што учествувале поголем број на жени кои што ја поминале менопаузата, покажало дека оние жени кои што секојдневно конзумирале какао имале значително помал ризик од срцев удар и развој на коронарни болести. Флаванолите кои што се наоѓаат во какаото го намалуваат и крвниот притисок.
Освен што добро делува на срцето и вените , какаото го регулира шеќерот во крв, ја подобрва концентрацијата и го подобрува помнењето. Добар е антиоксиданс и афродизијак.
Секако за подобар ефект на какаото пожелно е да го пиете горко, но доколку неможете да го пиете горко може да додадете една лажичка шеќер, но не повеќе.
КАКАО ВАФЛИ
Во еден сад ги соединуваме јајцата и шеќерот. Кратко матиме, колку да се изедначат. Додаваме ванила, јојурт, масло, просеано какако, брашно, млеко, пециво. Изедначената смеса ја оставаме да одмори, се додека не се загрее апаратот за вафли. Со лажица ставаме од смесата и печиме по неколку минути. Ги сервираме со додаток на овошје, сладолед.....
Какао коцки со овесни снегулки
Потребно е:
3 чаши (од 250 мл) овесни снегулки
1 чаша кафеав шеќер
55 гр путер
80 мл млеко
80 гр какао во прав
1 лажиче цимет
2 лажици семки од сусам
Подготовка:
– Во тава на рингла тостирајте го сусамот. Внимавајте да не изгори. Тргнете го на страна.
МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО КАКАО
– Во подлабок сад на рингла ставете ги путерот, млекото, какаото, циметот и шеќерот и оставете ги да се варат. Промешајте да добиете хомогена смеса без грутки.
– Садот тргнете го на страна, сипете ги овесните снегулки и убаво измешајте.
– Смесата сипете ја на хартија за печење и израмнете со лажица или раце. Убаво обликувате ја смесата да биде со дебелина од 2 см.
– Со лажица земете од уште врелиот тостиран сусам и посипете над врелиот колач. Со истата лажица притиснете го сусамот во колачот.
– Кога ќе се излади колачот исечете го на коцки и послужете.
Какаото содржи повеќе од 300 хемиски материи кои позитивно влијаат врз здравјето. Какаото е богато со антиоксиданси кои се одговорни за целото здравје на телото бидејќи го штитат од болестите и слободните радикали, кои се главна причина за стареењето. Какаото е состојка која содржи најмногу антиоксиданси во однос на која било друга храна. Богатство на минерали кои помагаат во борбата против стресот. Изобилува со магнезиум, кој е одговорен за околу 300 процеси во телото. Освен магнезиум има и железо, цинк и витамин Ц. Содржи серотонин и допамин – хормоните на среќата. Омега 6 масни киселини кои се храна на мозокот и помагаат за целокупно функционирање на организмот. Во минатото какаото го сметале за храна на боговите! Освен како храна какаото може да се употребува и надворешно како маска и ефикасно да ја подобри состојбата на вашата кожа.
Состојки:
– 2 лажици какао
– 2 лажици мелено кафе
– 4 лажици кокосово масло
Измешајте ги сите состојки се додека не добиете хомогена смеса. На исчистена кожа нанесете ја маската со кружни движења.
По 10-15 минути исплакнете го лицето со млака вода. Оваа маска ја затегнува кожата, го освежува тенот и ги намалува порите.
Публицитет.мк