АЛПОЈО – Охрид: Имаме се’ што е потребно за најбараните летни коктели, проверете!
Освежителна лимонада со праски
Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе посакате уште и уште.
Лимонада со праски
СОСТОЈКИ
| 4 шолји | вода |
| 2 шолји | крупно исечкани праски (4-5 праски) |
| 1 шолја | свежо исцеден сок од лимон (4-5 лимони) |
| ¾ шолја | шеќер |
| 2 шолји | мраз |
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ
- Во големо тенџере ставете ги водата, праските и шеќерот и поставете го на оган. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските.
- Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите и месестиот дел.
- Ставете ја течноста во фрижидер да се лади неколку часа.
- Додајте го сокот од лимон во течноста со вкус на праска и ставете мраз.
- Послужете ја лимонадата ладна. Украсете со парче праска, јагоди, нектарини, лимон или цреши.
Негрони
Коктелот негрони е одличен аперитив за пред вечерата. Неговиот богат вкус ќе ви го отвори апетитот за со сласт да го консумирате последниот оброк во денот, а неговиот изглед на полиран рубин ќе ви го привлече погледот како со магнет.
Коктелот негрони
ПОТЕКЛО
Негрони се смета за италијански коктел кој води потекло од почетокот на 20-тиот век. Во 1919 година во Фиренца, грофот Камило Негрони побарал од шанкерот да му засили омилениот коктел – американо, така што во него наместо газирана вода да додаде џин.
Шанкерот го украсил коктелот со парче портокал наместо со традиционалниот лимон, за да означи дека се работи за нов коктел. Така бил создаден коктелот негрони.
СОСТОЈКИ
| 30ml | џин |
| 30ml | вермут |
| 30ml | Кампари |
| парче портокал |
ПОДГОТОВКА
- Во шејкер ставете неколку коцки мраз и додајте ги џинот, вермутот и Кампарито. Промешајте 10 секунди.
- Во претходно разладена чаша прецедете ја течноста од шејкерот. Чашата може да биде или ниска и широка или чаша за мартини.
- Ставете во коктелот тенко парче портокал и послужете веднаш.
ВАРИЈАЦИИ
- Американо – газирана вода наместо џин.
- Негроски – вотка наместо џин.
- Негрони збаљато (погрешно негрони) – газирано вино наместо џин.
Правите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава.
Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.
ТРАДИЦИОНАЛНА САНГРИЈА
Состојки
| 1 шише | црвено вино (1 литар) |
| ½ чаша | бренди |
| ½ чаша | свежо цеден сок од портокал |
| ¼ чаша | шеќер |
| 1 | портокал, исечен на тенки кругови |
| 1 | лимон, исечен на тенки кругови |
| 1 | зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови |
| 1 | јаболко, исечено на тенки полумесечинки |
| 1 чаша | газирана вода |
| мраз |
Подготовка
Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.
Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.
САНГРИЈА БЛАНКА (БЕЛА САНГРИЈА)
Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино.
Состојки
| 1 шише | суво бело вино (750ml) |
| ½ чаша | свежо исцеден сок од портокал |
| ½ чаша | свежо исцеден сок од лимон |
| ¼ чаша | ликер од портокал (Triple sec) |
| ½ чаша | шеќер |
| 1 | лимон, исечен на тенки кругови |
| 1 | портокал, исечен на тенки кругови |
| 250ml | газирана вода |
| мраз |
Подготовка
Во голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот.
Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз.
СОВЕТИ
- Сангријата секогаш се служи ладна.
- Од овошје можете да користите портокали, лимони, лимета, јаболка, праски, јагоди, боровинки, ананас, манго, грозје, диња и сл.
- Наместо шеќер можете да ставите мед.
Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво.
Публицитет.мк






