Викендов во Охрид,на самото градско пристаниште се одржа 16-то издание на фестивалот „Канео фест 2017“.Во организација на ТВ Морис од Охрид.
Низ песните на фестивалската бина запеаа и новинари,водители,доајени на македонската песна,ама и нови имиња кои ја добија својата 4 минутна можност да бидат забележани во неповторливата магија која што ја создава Охрид сам по себе.
На ова издание беа изведени 22 нови фолк и 9 нови поп композиции.
Гран при во фолк делот освои доајенот на македонската песна Славка Младеноска со композицијата „Свети граде Охриде“,додека баладата насловена “Не допирај“,од која на сите им се наежи кожа,во изведба на Мери Тодорова Младеноска,тв водител на емисијата “Лица и дела“ на Телевизија Сонце,го освои Гран прито во поп делот.
Низ овие 16 години на “КанеоФест“ продефирирале многу музички имиња кои дали во тој дел од својата кариера веќе биле докажани изведувачи,или пак токму овој фестивал им била отскочна штица,зошто Канео ги отвара вратите како за еминентни и докажани изведувачи така и за аматери.Би ги споменалe низ минатите изданија Благица Павловска,Боби Мојсовски,Ален Хасановиќ,Ристе Ристески со неговиот тогашен “Енерџи бенд“.

Жири комисијата во состав на Сашо Денесоски –уредник и новинар,Мишко Србиноски-естраден уметник,Ленче Јордеска Ристеска-текстописец, Димитар Павловски-композитор и Јован Трпески-сопственик на ТВ Морис,како и публиката ги одбраа најдобрите,во навистина големата конкуренција на 31 фестивалска песна.
Во забавниот дел Зоран Далчески инаку познат како фолкер,сега се претстави со поп композија ја освои третата награда од публиката,втората награда публиката ја додели на Лени и Владо за композицијата “Таму некаде“,и исто така ја добија наградата за најдобра сценска изведба а првата награда публиката и’ ја додели на Валентина Ѓорѓиевска-Парго за нејзината “Парче душа “ со која навистина ги “размрда“ сите во публика,инаку познат еминентен новинар на македонската јавност.

Првата награда од жири комисијата ја Доби Петар Нечовски,кој во оваа прилика се присети на деновите кога се појавил на македонската сцена и тоа со поп композиција, па затоа и сега отпеа вистински летен хит насловен како “Песно моја“,втората награда од жирито замина во рацете на Љупчо Јошевски “За една згодна Кристина“ оваа композиција ја доби и наградата за најдобар текст за текстописецот Цане Трајчевски а третата награда ја доби Дејан Добревски.
Наградата за најдобар аранжман беше доделена на Лазе Ѓоргиев за „Песна за Веле“,која ја отпеа Горан Јованов а за хит песна на вечерта беше прогласена песната на Ице Панов.
Публиката за прва награда во фолк делот го одбра Здравко Кузески кој ја отпеа „Тргни по мене“, втора награда и ’ припадна на Нина Николовска за „Мајка Богородица“.Трета награда добија сестрите Маја и Ружица Герасимоски кои ја изведоја нумерата „Една е мајка“.

Прва награда од жири комисијата замина во рацете на Јорданка Смилоска и Петар Миленкоски со „Свадба си правиме“, втората награда на песната „Скопје ми е во срцето“ на Нада Ангелоска, инаку специјална гостинка од Австралија , а третата на Славица Стевовска за песната „Искра Последна“ Награда за најдобар аранжман понесе Славко Ристески за, темата „Свадба си правиме“, а награда за најдобар текст доби Џевџет Вејселоски за нумерата „За песна родена“,која ја отпеа Јорданка Смилеска

За сценска изведба беше наградена Билјана Саздоска со „Неверен“, а за хит на вечерта беше прогласена темата на Емрах Мехмеди.
Директор и водител на фестивалот беѓе Кристина Алексиеска, стои во соопштението на организаторот ТВ Морис.
Публицитет.мк






